1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

NRS-Import

Независност на Косово - преседан за сепаратистите не само на Балканот?

Вториот круг од парламентарните избори во Србија помина, а во догледно време веројатно претстои прогласување независност на покраината Косово. Во таков случај Русија најави „соодветна реакција“. Кои се мотивите на Кремљ?

default

Кремљ: интереси на Балканот, но и страв од последици од независност на Косово во Кавказот

За Русија не е битно самото Косово, туку е во прашање принцип. Српската покраина, која е под управа на ОН од воениот напад од НАТО врз Србија во 1999-та година, за Москва е уште еден натамошен пункт во нарушените односи со Западот. Но, од него може да се направи и многу капитал. Сценариото е едноставно: Косово ќе се прогласи за независно, САД и некои европски држави веднаш ќе го признаат, а Русија и Србија можат да возвратат. Чисто формално дури и имаат право на тоа, оти во Резолуцијата 1244 стои јасно и гласно дека за мировен план што ќе го регулира идниот статус на Косово, е нужна согласност на обете страни. Значи, едногласно прогласена независност би претставувала кршење на правото. Србија досега категорично одбива да дозволи независност на веќе денес во голема мера автономната покраина. Русија во тоа и е партнер од доверба, кој блокира нова резолуција на Советот за безбедност. Претстои перфектен хаос Обете земји од подамна се закануваат со „соодветни мерки“. Србија има намера да спречи снабдување на косовските Албанци со вода и струја и да затвори неколку гранични премини. Русија најави дека преку ОН ќе ја анулира декларацијата за независност. Србите од северот на Косово од своја страна можат да се одвојат од покраината. Хаосот би бил перфектен. Згора на ова, независноста на Косово за Русија е меѓучекор кон создавање Голема Албанија и исчекор кон нови поделби на Балканот. Економските интереси на Русија се доведени под прашање. Соседите на Србија се веќе членки или барем кандидати за членство во ЕУ. Србија им нуди единствена шанса на руските претпријатија за присуство на Балканот. Во меѓувреме е склучена спогодба со која Русија под пријателски услови доби мнозински удел во српската нафтена индустрија и може преку српска територија да гради нафтовод кон ЕУ. Независност на Косово може да предизвика немири не само на Балканот Кремљ страхува дека тоа може да биде преседан за сепаратистите, може да ги засили стремежите кон независност пред се’ во Кавказот. Абхазија и Јужна Осетија веќе сега сакаат да се одвојат од Грузија. Кавказот би избегал од контрола и за Западот. Но, Русија пред се’ би сакала да учествува во решавањето на косовското прашање. Досегашните обиди на „тројката“ за Косово доживеаја неуспех не поради косовското прашање, туку првенствено поради нарушениот однос меѓу Русија и Западот, пред се’ САД. Планираниот американски антиракетен штит и продорот на НАТО до границите на Русија многу го налутија Кремљ, кој возврати со силни закани и се’ подлабоко се забетонира. Карла Енгелхарт / Москва