1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Независна истрага за масакрот во Вирџинија тек

Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија , Тим Кејн , најави започнување независна истрага за масакрот во универзтитот Вирџинија Тек во Блексбург. Тоа се прави на барање на универзитетската управа- изјави Кејн. Управата на Вирџинија Тек е цел на критики затоа што не го затворила универзитетот веднаш по првите пукотници. Извршителот на масакрот, инаку Јужнокореец со траен престој во САД во понеделникот најнапред смртно застрела две лица во еден студентски дом во универзитетскиот комплекс а два часа подоцна уби 30 лица во една зграда за предавање. Потоа 23 годишниот атентатор се застрела себеси. На синоќешната комеморација во Блексбург учествуваше и американскиот претседател Џорџ Буш.