1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Независна истрага во Вирџинија

Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија , Тим Кејн , најави започнување независна истрага за масакрот во универзтитот Вирџинија Тек во Блексбург. Управата на Вирџинија Тек е цел на критики затоа што не го затворила универзитетот веднаш по првите пукотници и не презела ништо за претходното невообичаено однесување на извршителот на масакрот.Тој е инаку Јужнокореец со траен престој во САД.Во понеделникот најнапред смртно застрела две лица во еден студентски дом во универзитетскиот комплекс, два часа подоцна уби 30 лица во една предавална,а потоа 23 годишниот атентатор се застрела себеси.