1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

„Недопирливиот“ Берлускони?

Врховниот суд на Италија се очекува денеска или утре да изрече конечна правосилна пресуда во процесот „Медиасет“ против поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за даночно затајување.

Силвио Берлускони е постојан гостин во италијанските судови. Поранешниот премиер изгледа дека е имун на судската власт , со огле дека веќе „избегнал“ повеќе пресуди. Меѓунив и на последиците од неговите познати Бунга- Бунга забави, разработени во скандалозниот судски процес „Руби“. Медиумскиот могил Берлускони е познат по неговите приказни кои се вртата околу парите, моќта и сексот.

Што се случи? На 15 февруари 2011 година , судот во Милано покрена обвинение против Силвио Берлускони. Обвинителството го товареше за злоупотреба на функцијата и сексуауални односи со малолетнички. Притоа станува збор за Карима ел Марух, која е позната под „уметничкото име“ Руби Рубакури. Обвинетиот се товари дека имал сексуален однос со тогаш малолетната Мароканка. таа но и други жени за своите услуги биле плаќани во готово од страна на Берлускони и на негови блиски соработници, или пак им биле давани ветувања за вносни работни места. Пресудата во прва инстанца му донесе на Берлускони седумгодишна затворска казна и доживотна забрана за извршување на јавна функција. Неговите адвокати вложија жалба на пресудата.

Galerie Berlusconis laufende Prozesse Bunga Bunga Ruby

Карима ел Марух, наречена Руби

По пресудата е пред пресудата

Во тековниот судски процес Медиасет, медумскиот могул во прва инстанца е прогласен за виновен за затајување данок во вредност од 360 милиони евра и осуден на четиригодишна затворска казна, три години од тоа меѓутоа потпаѓаат под т.н регулатива за амнестија. Неа ја усвои владата на левиот центар на премиерот Романо Проди во 2006 година за да ги растовари преполнетите италијански затвори. Пресудата во втора инстанца ја потврди четиригодишната затворска казна а покрај тоа Берлускони доби петгодишна забрана за извршување на јавни функции. На поранешниот премиер деновиве му се заканува првата правосилна пресуда во трета инстанца. Врховниот суд на Италија во Рим во моментов се занимава со процесот Медиасет. Регистерот на претходни казни на Берлускони е долг. Судот во Милано во т.н. процес Унипол уште на почетокот на март годинава во прва инстанца го осуди милијардерот на затворска казна од една година, поради нелегално објавување на снимени разговори на политички конкурент.

Поткупување на службеници, затајување данок, нелегално партиско финансирање. Силвио Берлускони секогаш успеваше , навремено да го извлече вратот од под мечот на правдата. Имено како премиер на Италија тој со неколку специјално усвоени закони за имунитет се погрижи за тоа, тековните процеси против него за време на неговиот мандат да бидат суспендирани или казнените дела декриминализирани. Во моментов државното обвинителство истражува во еден нов случај против Берлускони под обвинение за корупција и нелегално финансирање на партијата.

Italien / Rom / Berlusconi Rücktritt

Влијанието на процесите врз политиката на Берлускони

И покрај неговиот контроверзен животен сил, неговите избирачи му остануваат верни. Берлускони владе со најголемата медиумска компанија во Германија. Неговите судски проблеми , во неговите медиуми се држат во заднина. „ Оние кои веќе се фанови на Берлускони, нормално ги гледаат соодветните телевизии, а во неговите телевизии тогаш добиваат и информаци кои одговараат на нивниот поглед на светот“ И во овој поглед на светот овие обвиненија се разбира се само дел од ловот на вештерки против политичката личност Берлускони“, вели Штефан Кепл, политиколог на германскиот универзитет Тутцинг . Берлускони постојано се обидува , да се претстави како жртва на италијанското правосудство. Речиси и да нема европски политичар кој во меѓувреме сериозно го сфаќа Берлускони.

Неговото повлекување од премиерското место во ноември 2012 година , за многу Италијанци и политичари беше задоцнето. Преку неговиот ексцесивен животен стил, тој меѓутоа загуби на маралната веродостојност. Во меѓувреме практично е исклучено дека тој некогаш ќе мора да лежи во италијански затвор, зашто оние кои се постари од 70 години, во Италија се ставаат во домашен притвор. Закон „мејд бај“ Берлускони