1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Недипломатска забелешка на Викторија Нуланд

Во телефонски разговор со американскиот амбасадор во Киев, врвниот дипломат Викторија Нуланд недипломатски вели: „Fuck the EU“. Снимка од разговорот се појави на Јутјуб. Дали Русија стои зад тоа?

По скандалот со НСА, Викторија Нуланд требаше да ја смири ситуацијата во ЕУ. Наместо тоа врвниот дипломат на претседателот Обама и експерт за Европа во американското Министерство за надворешни работи долеа масло во огнот, изразувајќи се недипломатски. Во приватен телефонски разговор со американскиот амбасадор во Киев таа вели: „Fuck the EU“. Разговорот бил снимен од непознати лица и објавен на Јутјуб како видео со фотографии и превод на руски јазик.

За отворената ниска оценка на Европската унија, американскиот амбасадор во Киев Џефри Пјат има целосно разбирање: „Токму така“, возвраќа тој на нејзината забелешка. Нуланд очигледно не очекува многу од обидите за посредување на првиот европски дипломат Кетрин Ештон, која во моментов преговара во Киев. Наместо тоа САД полагаат надежи во Обединетите нации и идниот посредник за Украина од нивните редови, холандскиот дипломат Ричард Сери. Таа вели: „Би било изворедно, доколку ОН би можеле да помогнат, работите да се китираат“.

Вашингтон не се сомнева во вистинитоста на снимката

Односите меѓу САД и ЕУ биле посилни од кога и да е, побрза да увери портпаролот на Обама Џеј Карни по објваувањето на видеото. Вистинитоста на снимката не се негира ниту од страна на Белата куќа, ниту од Министерството за надворешни работи. Кој е одговорен за снимањето на телефонскиот разговор и видеото на Јутјуб, не знае, дополни Карни.

Рускиот превод на разговорот не е единственото укажување, смета Белата куќа: „Видеото прво беше проширено од страна на руската влада - и тоа преку Твитер“, вели Карни. Факт е дека асистентот на заменикот руски премиер прво укажа на видеото преку Твитер. И тоа, според портпаролот на Обама, зборува за улогата на Русија во објавувањето на снимката.

Кличко не треба да биде во владата

Снимката од телефонскиот разговор покажува колку САД се мешаат во внатре-украинските односи. Имено Нуланд дава ниска оценка и за рускиот опозициски политичар Витали Кличко. За плановите, тој да биде именуван за заменик украински премиер таа вели: „Мислам дека Кличко не би требало да биде во составот на една нова влада. Тоа според мене не е ниту неопходно, ниту е добра идеја“.

Амбасадорот на САД во Киев е согласен и со оваа констатација: „Според мое гледиште Кличко не би требало да биде во владата и прво треба да ги заврши неговите домашни задачи“.

Викторија Нуланд во меѓувреме ги контактирала своите ЕУ партнери и се извинила за забелешката, соопшти Министерството за надворешни работи на САД. Во весникот „Њујорк Тајмс“ се забележува: Со месеци владата на Обама ги слушаше поплаките, дека прислушкувала странски политичар. Сега таа е прислушкувана.