1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Недемократски напад врз новинарите

Жестоки реакции и дебата се разви по критиките на Груевски на сметка на македонските новинари дописници од Брисел. Според експертите ова е обид да се замолчи критиката и да се оправда сопствената политика.

default

Груевски и новинарите

Премиерот Никола Груевски во саботното интервју за агенцијата МИА ги обвини новинарите дописници за македонските медиуми од Брисел „за сензационализам, поттикнат од партиска природа, а затскриен зад изразот анонимни извори од Брисел“ како и дека се „дополнително мотивирани од соседот (Грција)“ за да го напаѓаат ширејќи дезинформации. Повод беа извештаите по минатонеделниот самит на ЕУ во кои новинарите повикувајќи се на анонимни извори јавија дека македонските власти од Унијата се критикувани за лошите избори кои го доведуваат во прашање добвањето на датум за почеток на преговори за членство, но и имиџот на земјата.

Првиот човек на Европската федерација на новинари, Аидан Вајт изјави дека улогата на медиумите е да бидат чувар на демократијата. „Се плашам дека овие неодмерени коментари ќе ги стават новинарите во опасност. Политичкото вознемирување од овој вид нема да ги реши проблемите на Македонија во регионот и во земјата, туку само многу ќе ги влоши работите“, вели Вајт за телевизијата Канал 5.