1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Недела за мир во Судан

Ова е недела на мир за Африка – во кенискиот главен град Најроби владата на Судан и бунтовниците од Јужен Судан потпишаа мировен договор кој става крај на една од најкрвавите и најдолгите граѓански војни на континентот. Конфликтот почна во 1983 година, тој ги чинеше живот два милиони луѓе. Сега во татковината треба да се вратат четири милиони бегалци.

Мировен договор за Јужен Судан

Мировен договор за Јужен Судан

Ова е ден на Јужните Суданци. Тие не се муслимани и во 1983 година се кренаа поради тоа што не сакаа да го рпеземат законот на шаријата кој владее на север на земјата. Тие се бореа за тоа да учествуваат во богатството што го носи нафтата на нивната почва. Тие бараа повеќе можност за политичко соодлучување и крај на геноцидната политика на исламистичката централна влада во Картум.

Сега се конечно на целта и затоа не е за чудење што церемонијата на потпишување на мировниот договор се претвори во народен празник. Уште во седум часот изутрината Суданците во егзил се собраа на најголемиот стадион во Кенија. Многу ветувачки знак е што луѓето од југот и луѓето од северот на Судан денеска танцуваат заедно и пеат под зажаренто сонце во Најроби – по толку години војна двете страни мораат да изградат доверба. Пред големиот број африкански лидери и со присуство на американскиот министер за надворешни работи, Колин Пауел, некогашните противници во војната – потпретседателот Али Осман Мохамед Таха водачот на бунтовниците Џон Гаранг го потпишаа мировниот договор, за кој се преговараше десет години. Дека такво нешто ќе се случи одвај дека некој веруваше, зашто тој беше одлаган постојано.

Ова е и ден на Џон Гаранг. Командантот на бунтовниците беше герилец повеќе од 40 години. Сега тој владее во автономниот Јужен Судан и седнува на потпретседателската функција во земјата која има најголема површина во Африка. Со него ќе мора да се смета на меѓународната сцена. Гаранг веќе најави дека има намера да ја вложи сопствената политичка тежина во напорите за мир во Дарфур во Западен Судан. Зашто, и другите региони на Судан бараат поголеми права, развој и учество во поделбата на богатството на земјата.

Пробата за Судан почнува денеска. Денешната недела значи мир за Судан, но би можела да биде и почеток на крајот на оваа држава. За 6 години, како што е предвидено во мировниот договор, луѓето во Јужен Судан можат да гласаат за тоа дали ќе основаат сопствена држава или не. Сега се зависи од примената на мировниот пакет, од тоа дали федералниот систем ќе функционира или не. Милиони луѓе во Јжен Судан чекаат училишта, улици, клиники – само постепена изградба на земјата може да гарантира долгорочно мир и единство. За такво нешто на Судан му е потребна меѓународна помош, и тоа не во милиони, туку во милијарди евра. Само ЕУ најави 400 милиони евра. Денеска изутрина во Најроби почна еден експеримент – тој може да биде пример за цела Африка и решение на нејзините многубројни конфликти.