Неделава старт на разговорите Груевски – Ахмети | Македонија | DW | 06.03.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Неделава старт на разговорите Груевски – Ахмети

Опозициската ДУИ денеска објави дека ја прифаќа поканата на Никола Груевски и дека нејзиниот челник Али Ахмети е подготвен да дојде во Скопје.

default

Опозициската Демократска унија за интегерација официјално соопшти и ја прифаќа средбата со премиерот, а датумот ќе се определи неделава. Гласоноговорничката Ермира Мехмети не одговори дали со стартот на разговорите власт - опозиција пратениците од ДУИ ќе го прекинат и парламентрниот бојкот.

Денеска и премиерот Никола Груевски ја повтори подготвеноста за средба со челникот на ДУИ Ахмети „Разговорите неможе да имаат предуслов, ниту гаранции за што било претходно. Разговорите се за тоа да се чуе што е проблемот, што се сака, дали нешто од тоа може да се исполни или неможе да се исполни. Ние сме политичка партија на власт, имаме своја програма, своја агенда.“

Како се приближува соочувањето така стариот проблем со статусот, ресоцијализацијата и инвалидноста на поранешните припадници на ОНА станува топ – тема во Македонија, со поделени мислења во јавноста. Се претпоставува дека најмалку 300 до 500 ранети, загинати или поранешни борци на ОНА без работа од 2001 година, очекуваат помош од македонската држава. Тие или нивните семејства. Како и дали поранешните припадници на ОНА да се изедначат со статусот на македонските безбедносни сили кои настрадале во воениот конфликто, а притоа да не се отвори пандорината кутија на меѓуетнички конфронтации. Македонскиот премиер Никола Груевски денеска демантира дека тајно се водат преговори за решавање на статутот на борците на ОНА пред дијалогот со Ахмети „Такво нешто не постои. Тоа е чиста шпекулација.“

Груевски рече дека владата нема да прифати со закон да ги решава социјално – материјалните барања на поранешните припадници на ОНА. Од ДУИ ваков став „ Треба и мора да се реши.“ вели Џавад Адеми од партискиот врв на ДУИ.

Оваа опозициска партија беше потресена од аферата каде завршиле 250.000 евра што еден албански бинзисмен ги дал во штабот на ДУИ за време додека оваа партија беше во владината коалиција, за материјално згрижување на инвалидите од ОНА. Остана неизвесно дали лидерот на партијата ги дал во фондот за ранетите и за згрижување на семејствата на 65 - те загинати припаднции на ОНА.