1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Нега на традиционални кожни панталони

Убавите традиционални кожни пантолони им прилегаат на момчињата од Баварија. Традиционалните пантолони се соодветни, робусни и секогаш модерни.

„Моиве пантолони се убави, зарем не?“, прашува едно момче.

Да, така смета и Тони Хецелшпергер. Традиционалните кожни пантолони мораат како и овие да бидат чисти. Неговите кожни пантолони се навистина древни, но се правилно перени и сега се речиси како нови.

„Тие речиси 20 години беа оставени некаде во картонска кутија и сега повторно станаа меки. Тие и со бојата станаа повторно импресивни. На овој начин можат повторно да се користат и можат да се носат и така тие секако дека повторно добија одредена разумна вредност“, вели Тони Хецелшпергер, сопственик на традиционални кожни пантолони.

Тоа е благодарение на него - перачот на кожни пантолони Херберт Грајнер од Розенхајм. Денес тој доби нови алишта.

„Погледни, неопходно е да се исчистат“, му вели Херберт Грајнер на еден соработник.

„Јас морам да ги затегнам, а ти мораш да ги промениш“, вели соработникот.

„Види како изгледаат. Ова смееш да го переш“, му покажува Грајнер на соработникот на дел од панталоните, кои смеат да се перат. Притоа тој дообјаснува:

Dirndl Trachtenmode

Маж фотографиран во природа во Баерн во традиционални германски кожни пантолони

„Традиционалните кожни пантолони секогаш се переа, посебно порано. Селанките всушност редовно ги переа кожните пантолони на селаните, бидејќи на крајот од краиштата тие не носеа под нив долна облека. Значи, уште тогаш беше неопходно да се перат“.

Перачот на кожни пантолони во секој случај ги пере само панталоните од вистинска еленска кожа во едно корито со дождовница и поблаг течен сапун. Шампон, прашак за перење и појак течен сапун не смее да се користи. Тоа ја прави кожата тешка и здрвена. За перењето на Херберт Грајнер му е потребен сигурен инстинкт.

„Не смее мазната површина каде било да се скине со четка, туку таа мора да остане кадифена како што е. Значи, ниту една четка не смее да се користи за перење на кожните панталони“, вели перачот Херберт Грајнер.

Кај поголеми валканици Херберт Грајнер ги пере панталоните двапати, пред да ги исуши. Оваа процедура трае околу два часа.

„Исто така мора да се употреби напор, како што се гледа, бидејќи влажноста од кожните панталони постојано се вади со крпи. Значи не еднаш, туку повеќе пати се менуваат крпите“, вели Грајнер.

Flash-Galerie Oktoberfest 2011

Кожните пантолони се дел од Октоберфест

Патем, тој ја започна својата перачка кариера со овие традиционални кожни пантолони - наследство од дедото.

„Тие неколку децении се наоѓаа наоколу. Со тоа што беа оставени настрана станаа валкани. Тие беа прилично гнасни. Потоа преку интернет купив еден пар кожни пантолони. Тие тогаш беа мои експериментални зајачиња. Со нив пробав се’ и како што може да се види јас успеав во тоа. Ова сега повторно е едно прекрасно, убаво и парче облека кое може да се носи“, објаснува Грајнер.

Кожните пантолони мораат да бидат исушени за 24 часа при одредена влажност на воздухот. Колкав процент? Е, тоа останува негова тајна.

„Да, мора да постои постојана грижа за кожните пантолони. Тие едноставно не можат да се остават закачени. Тие мораат да се симнат, мора кожата да се навлажни, за потоа повторно да биде вистински убава и мека“, објаснува Херберт Грајнер.