1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неган новиот - стар градоначалник на Њу Орлеанс

Реј Неган е досегашен и иден градоначалник на Њу Орлеанс и покрај спориот процес на обнова на градот.

Њу Орлеанс

Њу Орлеанс

Резултатот беше тесен како и што се очекуваше, на крајот со 52 наспрема 48 проценти победи Реј Неган. Само 6.000 гласови одлучија, градот кој во голема мерка беше уништен од ураганот Катрина, барем да го задржи стариот градоначаник.

Но бегалците, споро се вреќаат во градот. Њу Орлеанс стана „бел град“. На градоначалникот Неган му се префрлуваше и расизам но и политичка непромисленост бидејќи постојано го продолжуваше спорот со Кетлен Бланко, гувернерот на сојузната држава Луизијана, околу државаната помош и постојано зборуваше против претседателот Џорџ Буш и пропустот на Вашингтон непосредно по катастрофата. Сега по изборната победа, Неган е посмирен дури и сосема јасно упатува пофалба до американскиот претседател „Имаме три милијарди долари за насипите, осум милијарди за унапредување на инвестиции и десет милијарди за изградба на куќи. Тие ги исполнуваат своите ветувања и за тоа сме им благодарни.“

Мич Лендри предизвикувачот на градоначалникот Неган, до последен момент се сметаше за фаворит, но откако изгуби останува заменик гувернер на Луизијана и од противник стана пријател на стариот и нов градоначалник „Сите мораме да се обединиме и да зборуваме во еден глас. Ве молам заедно со мене да го поддржиме градоначалникот, за градов повторно да застане на нозе.“

Но лесно се зборува, а тешко се споведува во пракса. Сеуште големи делови од градот се наоѓаат под рушевини, повеќе од половината од граѓаните уште не се вратиле во градот, а многу училишта и болници се затворени. Реј Неган без сомнение го чека тешка работа. Но она, што на 49 годишниот Неган на денот на изборите треба да му е особено јасно, тоа е датумот 31 мај. Денот кога почнува новата сезона урагани, која според мислењето на експертите би можела да биде полоша од минато годишната.