1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Неврзаните со поддршка само за Техеран?

Самитот на Движењето на неврзаните во Техеран вчера усвои декларација со која се поддржува правото на Иран да користи куклеарна енергија во мирољубиви цели, јави државната иранска телевизија.

Во телевизискиот прилог стои дека поддршката е содржана во еден од бројните членови на декларацијата усвоена на крајот од дводневното заседавање на Движењето на неврзаните, кое опфаќа 120 држави во светот. Странските агенции, сепак, појаснуваат дека во завршната декларација е потврдено правото на сите земји за нуклеарна енергија за мировни цели, како и одбивање еднострани санкции и воени закани против која и да било земја, поддршка за создавањето палестинска држава и неопходност од нуклеарно разоружување.

Техеран го искористи Самитот на неврзаните за да покаже дека пропаднале настојувањата на САД и нивните сојузници да го изолираат Иран. Домаќинот на самитот се обидуваше да добие поддршка од Неврзаните за својата нуклеарна програма, бидејќи движењето опфаќа две третини од членките на ОН.

Irans Atomprogramm

Иранската државна телевизија јави дека Неврзаните го поддржуваат Иран во својата нуклеарна програма

Средбата во иранската престолнина заврши со повик за глобален мир, упатен од иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, како нов претседател на движењето.

„Важната политичка порака на неврзаните земји кон меѓународната заедница е пораката за пријателство и мир“, изјави Ахмадинеџад во својот говор на затворањето на самитот.

Следната средба на врвот на Движењето на неврзаните земји ќе се оддржи во Каракас во 2015 година, соопшти венецуелскиот министер за надворешни работи Николас Мадуро во телевизиско интервју веднаш по затворањето на самитот на Движењето на неврзаните во Техеран. Средбата во 2015. година ќе се одржи во еден еволуиран свет, изјави Мадуро, прогнозирајќи дека тогаш 120-те земји членки на Движењето ќе бидат посплотени и поблиску до изградбата на „многуполарен и многуцентристички свет, ослободен од хегемонија“.