1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Невреме на карипските острови

*

Поради дождовите предизвикани од тропската бура “Ноел“, кои траат со денови, во Доминиканска Република е прогласена вонредна состојба. Во поплави и лизгање на земјиштето досега животот го загубија 66 луѓе. На Хаити бројот на жртвите изнесува 34. Во мексиканската сојузна држава, Табаско, речиси 80% од територијата е под вода. Претседателот, Фелипе Калдерон, изјави дека е ова најлошата природна катастрофа во историјата на земјата.