1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Невремето остави хаос во Источна и Централна Македонија

Се’ уште се трага по лицето кое се води како исчезнато, во силното невреме кое ја зафати Македонија. Едно лице загина, а ветрот кој дуваше и до стотина километри на час предизвика голема материјална штета.

default

Силните дождови предизвикаа големи поплави

По 77-годишниот старец Александар Трајков од општина Конче, кој вчера исчезна во бурата којашто го зафати регионот, се’ уште се трага. Околу 350 војници заедно со пожарникарите и целата расположлива механизација од утрото интензивно работат на отстранување на дебелите калливи пластови земја кои пороите ги донесоа во градот Радовиш, кој е еден од најпогодените во невремето. Затрупани се многу куќи и други објекти. Овој град и околината се целосно парализирани, патиштата се непроодни, а вчера невремето уништило и два моста.

Се прават проценки на штетите

Првичните проценки за штетата се дека таа ќе изнесува неколку милиони евра. Владата денеска на вонредна седница ќе ги утврдува начините за справување со новата состојба во радовишко, како и проценката на штетата.

Во обилните дождови проследени со силен ветер, кој на некои места дуваше и над сто километри на час, предизвикаа големи поплави во Македонија. Осумдесет годишна неподвижна старица во радовишко починала откако вода навлегла во нејзиниот дом каде живеела сама во приземјето од куќата. Состојбата дополнително беше искомпликувана од колапсот на електричната мрежа што синоќа без струја ја остави речиси половина Македонија.

Метеоролозите предвидуваат сончево време

Смирувачки се прогнозите на метеоролозите според кои денеска во земјата ќе преовладува сончево време. Последен пат Македонија со поплава од поголеми размери се соочи пред повеќе од 30 години.

Аудио и видео прилози на оваа тема