1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Невремето во САД однесе голем број жртви

Во серија торнада која ги погоди САД десетици го загубија животот. Невремето беснееше во повеќе сојузни држави на средниот запад и североистокот на земјата. Невремето нанесе и материјални штети.

Најмалку 28 луѓе загинаа во три американски сојузни држави во удар на торнада, со што билансот на жртвите на овонеделните бури порасна на 40. Во налетите на торнадата разорени се куќи, оштетен е еден затвор, а оштетени се и голем број возила.

Indiana - Tornados - USA

Последици од невремето во Индијана

Најмалку 14 лица загинаа на југот на Индијана, од нив 12 во соседен Кентаки, а двајца во Охајо. Уште еден смртен случај којшто како што се верува е поврзан со невремето, е пријавен во Хенривил во Индијана, каде телевизиите прикажаа снимки од разорени куќи. Невремето го погоди подрачјеот на Охајо и Индијана, јужно од Алабама. Само во два окрузи во Алабама во петокот беа потполно уништени 40 куќи, а 150 се оштетени. Поради невремето, без електрична енергија останаа илјадници домови.

Минатата година во удари на торнада во САД загинаа вкупно 550.

Автор: АТ/ СН/ макфакс/ дв

Редактор: Симе Недевски