1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Невработеноста во еврозоната се намалува

Стапката не невработеност во еврозоната првпат бележи благо намалување по цели две и пол години.

Намалувањето на стапката на невработеност е благо, но по повеќе од две години постојан раст на бројот на невработени, веста е навистина освежување. Во 17-те земји на еврозоната стапката на невработеност во септември изнесуваше 12,2%, што беше рекорд. Во октомври стапката се намалила на 12,1%, соопшти Евростат. Тоа е првпат да биде забележано намалување на бројот на невработени уште од февруари 2011-та.

Сепак, во категоријата на лица до 25 години, бројот на невработени се зголемува. Стапката бележи зголемување од 24,3 на 24,4 проценти. Oсобено драматично е во Грција и Шпанија, каде повеќе од половината млади луѓе се без работа. Двете земји водат во еврозоната според бројот на невработени - во двете стапката на невработеност изнесува 27%.

Најниска стапка на невработеност е забележана во Австрија - 4,8%, а следуваат Германија со 5,2% и Луксембург со 5,9%. Германија има најниска стапка на невработеност во категоријата млади - 7,8%.