1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Невработеноста во Германија

И покрај лесното намалување на бројот невработени, во Германија во септември годинава е регистрана најголемата невработеност во овој месец во последните седум години.

Според информациите на агенцијата за вработување во септември немале работа 4 милиони 256 илјади и 700 лица. Овој број е за 90 илјади помал од август, но за скоро 50 илјади поголем во однос на септември минатата година. Според тоа, стапката на невработеност опадна за 0,2 насто и сега изнесува 10,3. Претседателот на агенцијата за вработување Јирген Вајзе и натаму не гледа тенденција за подобрување на пазарот за работа. “Економскиот пораст е позитивен и конјунктурата добива залет, но тоа не се одразува на пазарот за работа“, вели Вајзе. Членот на управниот одбор Хајнрих Алт не ја исклучува можноста во престојната зима бројот на невработени да достигне и пет милиони. Инаку, невработеноста во западните покраини изнесува 8,2 насто, додека во источните точно 18 насто. Во првата реакција, сојузниот министер за стопанство Волфганг Клемент изјави дека бројките јасно покажуваат оти кунјунктурниот пораст не влијае се уште врз пазарот за работа. Претседателот на сојузниот синдикат Михаел Зомер бројките ги оцени како драматични, додека шефот на социјалдемократите Франц Минтеферинг ги повика комуните на поголеми инвестиции.