1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Невработеноста во Германија ќе опаѓа и во наредната година

Во апсолутни бројки во јули поголема невработенист, но исчистено од сезонски влијанија, продолжува позитивниот тренд на пазарот на работна сила.

default

Логото на Сојузниот уред за труд

Бројот на невработени во Германија, според вчерашното соопштение на Сојузната агенција за вработување, во јули - за прв пат од јануари наваму - бележи раст и тоа за 50 илјади. Навистина, ако се земат предвид сезонските влијанија, фактички продолжува трендот на намалување на бројот на невработените и раст на бројот на работни места, но со значително намалено темпо.

И покрај забавувањето на конјунктурата, шефот на Агенцијата Франк-Јирген Визе смета дека не само во оваа, туку и во наредната година ќе продолжи бумот на пазарот на работни места:

Frank-Jürgen Weise Arbeitslose

Франк Јирген Визе

„Динамиката на подобрувањето малку попушти, но според сегашните сознанија и анализите на сите информации на институтите за економски истражувања, и во 2009-та ќе имаме подобрување на состојбата во споредба со 2008-ма “.

Во тоа, според Визе, нема ништо да променат ни слабиот долар, ниту други фактори кои сега ја оптоваруваат конјунктурата.

Норберт Ретген од раководството на фракцијата на демохристијаните во Бундестагот, во врска со новите информации за состојбата со вработувањето, укажа: „Мора да се откажеме од се’ што го опречува стопанскиот раст и вработувањето. И државата мора да се однесува воздржано, што важи и за повеќепати повторените погрешни барања од СПД, како на пример за утврдување минимални плати и во сферата на вработување на одредено време“.