1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Невести по нарачка – од сон до пекол

„Невеста по нарачка“. Нов - добро смислен трик. Трговците со луѓе сега се стројници. Во Македонија зачести појавата млади девојки да заминат во Европа по поубав живот. Никој не сонува дека се жртви и дека ги чека пекол.

default

Свадбите како параван за трговците со луѓе

Се прават цели церемонии. Запознавање, свршувачки, па дури и скапи свадби. Девојките го сонуваат медениот месец некаде во Европа.Но, ни тие, ниту нивните најблиски не можат да претпостават дека се колективни жртви на измама и дека влегле во синџирот на трговија со луѓе. Оваа појава во Македонија станува тренд и ја алармира државата и невладиниот сектор да формираат мрежа под името „Будност“. Драгица Попоска е претседателка на Сојузот на жени „Езерка “ од Струга:

„ Се склучуваат бракови по нарачка од страна на трговците со помлади девојчиња. Се прават сите обичаи, невести, свадби и заминуваат во странство. Нашиот проект се вика „Не претворај го сонот во пекол“ бидејќи тие таму не се веќе невести, туку се дел од трговојата со луѓе.“


Трговците глумат стројници

Во охридско – струшкиот регион сеуште не е забележан ваков случај, но во Македонија примери веќе има, додава Попоска :

„ Трговците глумат стројници ги капарисуваат и родителите мислат дека девојчињата им се среќни, пример во Франција. Од таму има и разрешен случај. Девојче од Македонија – ’невеста по нарачка’ за среќа е откриено и успешно вратено дома .“

На трговците со луѓе им оди во прилог визната либерализација:

„Тоа не загрижува , полесно ќе се излегува од Македонија. Трговците ќе купуваат љубов , а ќе продаваат болка “, признава Попоска.

Moldawien Plakat Kampagne Menschenhandel

Жените најчести жртви на трговијата со луѓе

Македонија од земја на транзит , станува земја на потекло на трговијата со луѓе. Присутна е внатрешната трговија . Многу девојки од источните делови на земјата одат по подобра заработка во западниот дел и обратно.

„ Во синџирот со трговијата со луѓе се вклучени скоро подеднакво и Македонки, Албанки, Ромки и од другите националности. Но, не е исклучено жртви да бидат и машките деца во трговијата со органи, питачење... Тоа од нас бара долга и макотрпна борба против овој вид организиран криминал“,смета Попоска.

Паѓа старосната граница на жените жртви на трговијата со луѓе

Темните бројки не ги открива никој, но загрижува паѓањето на старосната граница. Жртви се почесто се и 12 годишни девојчиња Едукацијата е неминовна, признава Попоска :

„ Во регионов активностите се одвиваат во руралните средини. Опфатени се 720 ученици,а во соработка со полицијата извршивме обука и меѓу учениците од средното училиште во Струга.“

Македонија се обидува да им застане на патот на трговците со луѓе, но тие измислуваат нови форми се со цел да останат во овој нелегален , но профитабилен бизнис што подолго.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Симе Недевски