1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Невестата“ чека, „младоженецот“ пребирлив

Мина речиси една деценија откако на земјите од Западен Балкан на самитот во Солун им беше ветена перспектива за членство во ЕУ. Овие земји се заморија од долгата „веридба“, и никако да ги слушнат „свадбените ѕвона“.

Во Брисел велат дека „невестата“ се’ уште не ги „положила сите испити“, додека од регионот порачуваат дека „младоженецот’ премногу бира и има големи барања. По речиси една деценија чакања и настојувања, многумина на Западниот Балкан ќе кажат дека Европа веќе не е така магично привлечна, а некои разочарани дури ќе се свртат кон популизмот и нацонализмот. Факт е дека процесот на евроинтеграција се смени и дека Европа со текот на времето ги научи лекциите од претходните проширувања. Патот до членството е се’ подолг и потежок, Европската унија не е затворена тврдина, а проширувањето не е закочен процес, порачуваат од Брисел.

„Европската унија мора прво да стане национална агенда, за тоа прашање да се постигне национален и политички консензус во земјата. Потоа да се исполнат неопходните реформи и да се сфати дека на патот до членство во ЕУ нема пречки“, вели генерланиот директор за проширување Стефано Санино, цитирајќи ја пораката на некогашното движење „Отпор“: „Закони денес, Европа утре“.

Балканот (воглавно) стабилен, но не и ЕУ

Во меѓувреме се менува и Европа. Хрватска која би требало да стане нова члнка на ЕУ идната година, нема да влезе во онаа ЕУ со која ги почна преговорите. И додека постојано говоревме за „крстопати“ на кои се наоѓаат земјите од Западен Балкан, ситуацијата сега е поинаква, смета стручњакот за Балкан Тим Џуда. „Сега земјите од Западен Балкан воглавно се стабилни. Знааат каде одат, насочени се кон Европската унија. Она што не знаеме е, каква ќе биде ЕУ. И додека во минатото некои од земјите на Западен Балкан беа означувани како ’црни дупки“ на Балканот, сега е тоа членка на самата ЕУ - Грција“.

Сепак критериумите за влез во ЕУ се познати. На констатацијата дека Брисел постојано „допишува нови услови“, од Европската комисија одговараат дека постои заедничка база за сите земји, а дека потоа доаѓаат „дополнителни елементи“ кои зависат од специфичноста на секоја земја поединечно.

Политиканството ги сопнува реформите

Додека одговорните европски политичари не сакат да шпекулираат ниту со имиња, ниту со време, европските аналитичари сметаат дека по Хрватска и најверојатно Исланд, Црна Гора има најголеми шанси да стане идна членка на ЕУ и тоа околу 2020. година.

Истовремено се нагласува дека Србија има силен административен капацитет и можност да го стаса соседот, кој сега ги започнува пристапните преговори за членство, но дека отвореното прашање за Косово е нешто преку што Европа нема да премине, „ниту ќе прими уште еден Кипар“. Слично може да важи и за нерешените внатрешни прашања на Босна и Херцеговина, оти додека постојат отворени прашања, политиката секогаш ќе биде пред реформите. А реформите не се само поради членството во Европската унија туку и за да се изгради модерна држава која ќе знае на правилен начин да се постави за се’ покомплицираното глобално опкружување.

Поврзана содржина