1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Неверојатното навистина се случи

Тимот на тренерот Феликс Магат, Волфсбург ги зачува нервите и го победи убедливо Вердер од Бремен со 5:1. Последното коло во 46. сезона во Бундеслигата донесе и други возбудувања.

default

Феликс Магат му ја донесе првата титула на Волфсбург

Екипата на Волфсбург за првпат во својата историја стана фудбалски првак на Германија. „И тука е крајот. Екипата на Волфсбург е фудбалски првак на Германија за 2009 година.“

„Може да се каже дека ова е сон, кој се оствари. Ние во текот на целата сезона имавме силни остварувања, затоа би рекол: Заслужено станавме шампиони оваа сезона“, изјави по одлучувачкиот натпревар тренерот на Волфсбург, Магат.

Повторно извонреден беше голгетерот Графич, кој постигна два гола и со вкупно 28 голови си ја обезбеди титулата најдобар стрелец на сезоната.

Баерн на второто место

Fußball Bundesliga FC Bayern München VfB Stuttgart

Баерн подобар од Штутгарт

Рекордерот во шампионски титули во Бундеслигата Баерн од Минхен си обезбеди барем место во Лигата на шампионите. Во директниот дуел за второто место на табелата со Штутгарт, Баерн славеше со 2:1 и ја заврши сезоната на второто место. Како и пред две години, повторно сезона без титула за Баерн. Тренерот Јуп Хајнкес го прифати тоа спокојно: „Сметам дека Волфсбург заслужено стана германски првак и затоа честитки од моја страна. Тоа беше најдобрата екипа во текот на целата сезона и поради тоа заслужено стана шампион.“

И покрај поразот од Баерн, играчите на Штутгарт беа задоволни, зашто како третопласирани на табелата ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите. Наспроти тоа разочараност кај Херта од Берлин. Со поразот од 4:0 од Карлсруе Берлинчани ја пропуштија шансата за пласман во Лигата на Шампионите и ќе играат во новата Европска лига која е замена за Купот на Уефа.

Хамбургер ја доби трката со Борусија

Fußball Bundesliga Mönchengladbach Dortmund

Борусија Менхенгладбах против Борусија Дортмунд

Вистински трилер пак се случуваше околу пласманиот за петото место кое истотака значи играње во Европската лига. Хамбургер во последната минута го совлада Ајнтрахт од Франкфурт со три спрема два и во самиот финиш ја доби трката со Борусија Дортмунд која играше нерешено 1:1 со Борусија Менхенгладбах.

Екипата од Менхенгладбах наспроти тоа со освоениот бод самата си обезбеди опстанок во лигата. На такво нешто се’ уште може барем да се надева и Енерги од Котбус, кој со победата над Леверкузен е 16ти и со тоа му следува релегациски дуел со Нинрберг кој беше третопласиран во втората лига. Солзи и разочарување по последното коло имаше во Билефелд. Арминија одигра само 2:2 против Хановер и како последна на табелата испаѓа од лигата. Опстанок и покрај високата победа против Херта од Берлин не обезбеди ниту Карлсруе.

Автор: Бенјамин Вист / Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска