1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Небесен спектакл што го одзема здивот

Mилиони луѓе во Азија денеска го проследија најдолгото помрачување на сонцето во последниве сто години. За Индијците овој природен феномен не беше само фасцинантен, туку предизвика и страв.

default

Сонцето да изгрее двапати во Индија воопшто не се случува често. И така не само бројните телевизиски станици туку и милиони луѓе во раните утрински часови ги вперија погледите кон небото. Меѓу нив беше и научничката Палава Багла: „За мене тоа беше еден од најфантастичните моменти, да се види тотално помрачување на сонцето. Да се гледа како сонцето се замрачува и потоа да се види само неговиот сјаен прстен. Тоа е извонредна глетка.“

Sonnenfinsternis in Asien Flash-Galerie

Наредното целосно помрачување по повеќе од еден век

Многумина знаеја дека месечината на ваков начин ќе го претвори денот во ноќ дури во 2132 година, и оти ваков феномен нема да можат да доживеат дури ни при најоптимистичките планови. Затоа многумина, условно кажано, сончеви-туристи се упатија кон најдобрите места за следење на помрачувањето. Други пак го преживеаја во страв.

Со драматична музика пред се’ телевизиите на хинди јазикот уште пред помрачувањето упатуваа предупредувања и тоа не само она вообичаеното да не се гледа во небото без специјални очила за заштита од ултравиолетово зрачење.

Sonnenfinsternis in Asien Flash-Galerie

Имено сонцето игра ограмна улога во хундуизмот, тоа дава светлина и е извор на сета добрина. За време на помрачувањето, според легендите, демонот со име Раху со обидува да го освои сонцето. Тоа за луѓето не може да значи ништо добро: „Последиците варираат според хороскопските знаци. Може да се загубат пари, или работното место, а некои добиваат здравствени проблеми. Особено трудните жени во овој период не треба да спијат. Тоа би можело да влијае врз нероденото дете и да оштети делови од неговото тело.“ , вели астрологот Бајџнат Тевари.

Породување само во апсолутни итни случаи

Sonnenfinsternis in Bangladesch

Гинекологот Шивани Гоур, која работи во една реномирана болница во Њу Делхи вели дека трудниците кои се пред породување навистина се обидуваат со сите сили да го одложат породувањето на овој наводно црн ден: „Ако планираното породување треба да биде извршено со царски рез, тогаш тоа комплетно отпаѓа. Понекогаш мораме меѓутоа од медицински причини да извршиме породување, но и тоа луѓето го отфрлаат. Тие доаѓаат само во апсолутно итни случаи.“

Но на лекарите не им задава грижи само ваквото суеверие туку тие стравуваат и дека многумина го проследиле небескиот спектакл со голи очи без заштитните специјални очила.


Автор: Кај Кистнер/ Симе Недевски

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM