1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Небезбеден превозот на учениците во Македонија

Само единаесет автобуси за превоз на учениците ги имаат сите безбедносни мерки, останатите само минимално, велат стручњаците. Инспекцијата за транспорт интервенира за подобрување на состојбата, но пропустите се присутни.

default

Автобусите со кои се превезуваат групи деца треба да исполнуваат посебни технички барања, кои се уредени со посебен Правилник донесен во јули 2009, кој е дополнување на Законот за безбедосност во сообраќајот на патиштата од истата година во Македонија.

Еден од поважните одредби со кои се заштитува животот на учениците, кои секојдневно или за време на училишните екскурзии и други патувања се превезуваат со автобуси, е сигурносниот појас да биде вграден на сите седишта.  

Mazedonien Land und Leute Kinder in Skopje

„Тоа значи дека сите деца, задолжитетелно сигурносно врзани треба да се превезуваат со школските автобуси. Правилникот вели, дека ниедно од нив не треба да биде во стоечка состојба иако во автобусот има место за стоење, а истите не треба да се користат“, појаснува за Дојче веле, Зоран Ѓуровски од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.  

„Овие автобуси на предната десна и задна лева страна од автобусот треба да бидат обележани со посебен знак за превоз на деца и имаат уште десетина мерки на безбедност важни за животот на учениците. Од неколку десетина превозници со неколку стотина школски автобуси во Македонија, засега целосно сите мерки на безбедност го исполнуваат само единаесет автобуси за превоз на ученици. Останатите од не дај Боже најлошото, засега ги чува само Господ“, констатира со жалење Ѓуровски и апелира до надлежните инспекции за поригорозни мерки и санкции против прекршителите на законот.

Државната инспекција за транспорт интервенирала, но пропустите се присутни

Од Државната инспекција за транспорт, за ДВ појаснуваат дека континуирано интервенираат и одзеле дозволи од автопревозниците.  

„Во текот на 2011 Државниот инспекторат издал 1.558 барања до прекршочната комисија и 801 барање до надлежен суд за поведување соодветна постапка за лицата, кои ги прекршиле законските одредби. Во истиот период, надлежните инспектори исклучиле 52 возила од сообраќај, а на 31 лице им биле одземени сообраќајните дозволи заради прекршување на одредбите од Законот за превоз на патниот сообраќај“. Но, при тоа не појаснија, колку од исклучените од сообраќај биле превозници на автобуси за учениците, а кои не ги почитувале безбедносните мерки од Правилникот.

Schule Niko Nestor

Дека одредбите од Правилникот и понатаму не се почитуваат, потврдуваат родителите, чии деца секојдневно или за време на бројни училишни екскурзии се превозуваа со автобуси. Повеќето од нив, а кои од разбирливи причини сакаат да останат анономни посочуваат. 

„Нашите деца секојдневно се туткаат во преполните автобуси од дома до училиште. Многу од автобусите немаат, или иако имаат, автопревозниците не го вклучуваат системот за топлење или ладење“.

„Безбедносни појаси на седиштата воопшто и нема во овие автобуси со кои се превезуваат нашите деца и затоа сметаме, дека е небезбеден нивниот училишен  превоз“, велат револтирано родителите.

Европски Закон и Правилник, но не се почитуваат

„Имаме одличен закон усогласен со европските стандарди, но за жал во пракса не се почитува“, посочува Зоран Ѓуровски од Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот. Тој апелира за негова доследна примена од страна на автобуските и други превозници посебно за превоз на деца и ученици и поригорозни мерки и санкции за прекршители, од страна на недлежните.

Ѓуровски воедно ги потсетува родителите, дека во нивните автомобили децата под 12 години е строго забрането да се возат на предното, а исклучиво само на задното седиште и задолжително да бидат врзани со безбедносен појас. Посебно е важно,  најмалите деца да бидат седнати на задните седишта во посебно вградено безбедносно седиште и врзано со појас.  „Ако се преземат овие неопходни безбедносни мерки, минимиум 20%, а максимум и до 70% годишно од децата, кои страдаат во собраќајките во Македонија би преживеале, или би се здобиле со помали повреди“, посочува Ѓуровски.