1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Неа Демократија победник на изборите во Грција

*

Предвремените парламентрни избори во Грција не донесоа смена на власта. Конзервативната партија „Неа Демократија“ на премиерот Костас Караманлис, по пребројувањето на речиси сите гласови освои 42 проценти, и со 152 места во парламентот го задржува апсолутното мнозинство. Опозиционите Социјалисти на Георгос Папандреу освоија околу 38 насто гласови. И двете партии во споредба со изборите пред три години загубија гласови. Претседателот на комсијата на ЕУ Мануел Баросо, во неговото писмо со честитка на грчкиот премиер му порача дека по поќжарите летово Грција може да смета на солидарноста на ЕУ.