1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

На 5-от натпреварувачки ден втор златен и уште еден бронзен медал за германските олимпијци

На Ј. Арент и‘ беше простен неспортскиот гест кога како втора во друмско возење мина на целта. Денеска, на хронометар, беше далеку од медал

На Ј. Арент и‘ беше простен неспортскиот гест кога како втора во друмско возење мина на целта. Денеска, на хронометар, беше далеку од медал

Германските претставници во коњичкиот спорт секогаш се меѓу фаворитите на олимпијадите - и во Атина на стартот ја оправдаа таквата улога. Во екипниот натпревар во повеќебој Бетина Хој, Ингрид Климке, Франк Остхолт, Андреас Дибовски и Хинрих Ромајке ги оставија зад себе претставниците на Франција и на Велика Британија. Тоа е одвај трет златен медал за Германија во оваа дисциплина на олимпијадите, по 1936-та и 1988-ма година. Јавачите, изгледа, останаа поштедени од влијание на многуте досегашни потфрлувања и разочарувања со остварените резултати на поголем дел од германските претставници во другите спортови.

Денеска уште еднаш Јан Улрих ги изневери очекувањата дека во велосипедизам – возење на хронометар ќе се најде на победничкиот подиум. Тој го освои 7-то место. Подобро пласиран од него е Михаел Рих на петтата позиција. Победи Американецот Тајлер Хамилтон, кој беше најбрз на патеката од 48 километри, Вајческав Јекимов од Русија е втор и не го одбрани златото од Сиднеј, а трет е Американецот Боби Џулич. Јудит Арент беше 11-та во возење на хронометар во женска конкуренција – и од неа се очекуваше повеќе, со оглед на среброто за кое се избори во друмско возење.

Медал за Германија денеска досега освои и кануистот Штефан Пфанмелер. Светскиот вицешампион во веслање Марсел Хакер воопшто не се пласира за финалето, како ни Астрид Кумбернус во фрлање ѓуле и Сузане Кирмаер во стрелаштво во дисциплината двоен трап.

Женската пливачка штафета 4 пати по 200 метри слободно се пласира за финалето. Хокеарките на трева се поразени од европскиот првак Холандија со 4 спрема 1.

Грчките спринтери Костас Кентерас и Екатерини Тану се откажаа од настап на олимпијадата во која спаѓаа меѓу фаворитите за медали. По 50-минутното сослушување пред Дисциплинската Комисија на Меѓународниот олимписки комиетт (ИОЦ) поради избегнување анти-допинг контрола, Кентерас уште еднаш тврдеше дека е невин, но се повлекол “во интерес на својата земја”, додека неговата колешка Тану им се извини на сонародниците. Сега Светската атлетска федерација треба да донесе решение околу санкциите за грчките репрезентативци.