1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На чекор до нов СТАРТ договор

Претседателот на Европската комисија Барозо и Генералниот секретар на НАТО Расмусен го поздравија вчера постигнатиот договор меѓу САД и Русија за намалување на стратешкото нуклеарно оружје.

default

Жозе Мануел Барозо денеска го поздрави вчера постигнатиот договор меѓу САД и Русија за намалување на стратешкото нуклеарно оружје. Не би можел да има попозитивен сигнал за европските напори во борбата против распространувањето на оружјето за масовно уништување.Тоа е историски договор, истакна претседателот на Еврокомисијата. Претходно и генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изрази задоволство од договор меѓу САД и Русија за намалување на стратешкото нуклеарно оружје.

Големо трпение и упорност

По повеќемесечни преговори САД и Русија вчера постигнаа согласност за новиот договор за разоружување од стратегискоо оружје. Арсеналот нуклеарно оружје на двете земји би требало да биде намален за една третина. Во телефонски разговор, американскиот претседател Барак Обама и неговиот руски колега Димтриј Медведев ги договорија последните детали околу договорот. Новиот договор за разоружување треба да биде потпишан на 8 април во Прага, една година откако Обама, во говорот во чешкиот главен град ја скицираше визијата за свет без атомско оружје.

„Потребни беа големо трпение и упорност, но во ниту еден момент не се откажавме,“ изјави американскиот претседател.

Не е потребен толкав нуклеарен арсенал

Конкретно, Русија и САД се договорија оперативните носечки системи за атомско оружје како ракети, бомби, и подморници да ги намалат на по 700. Освен ова договорот предвидува лимитирање на по околу 1550 нуклеарни боеви глави - што значи намалување за речиси една третина. Околу 90 проценти од сето атомско оружје го поседуваат овие две земји- долго по студената војна, тоа не е потребно, нагласи американскиот државен секретар Хилари Клинтон.

USA Russland Abrüstung Barack Obama Pressekonferenz

Американскиот претседател Обама ги соопшти убавите вести по телефонскиот разговор со рускиот колега Медведев

„Не ни’ е потребен толкав голем арсенал, за заедно со партнерите да се штитиме од двете најголеми опасности на денешницата - нуклеарното вооружување и тероризмот.“

Нејзиниот рускиот колега Сергеј Лавров пак истакна:

„Новиот договор би требало во голема мера да придонесе за неширење на нуклеарното оружје. Тој треба да ја засили довербата не само меѓу САД и Русија, туку и довербата меѓу атомските сили и земјите без атомско оружје“

Соработката меѓу САД и Русија во интерес на целиот свет

Американците успеаја да се наметнат по две важни точки: како што соопшти американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс, планираниот антиракетен штит во Исоточна Европа не е опфатен во договорот. Во дополнителен документ, Русија сепак предупредува, дека ќе се повлече од договорот, во случај да утврди дека американските ракетни планови ја загрозуваат сопствената безбедност. Освен ова САД поставија услов, двете страни меѓусебно да мора да се информираат кога ќе спроведуваат ракетни тестови.

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека двете земји со договорот испраќаат јасен сигнал.

„Ефективната соработка е во интерес на САД и на Русија и во интерес на светската безбедност и добросостојба.“

Новиот договор е наследник на СТАРТ договорот, кој истече минатиот декември, и на него двете земји работеа речиси една година. Откако претседателите ќе го потпишат договорот, треба да го ратификуваат и парламентите на САД и на Русија.

Автор: Никол Маркволд / Александра Трајковска

Редактор: Симе Недевски