1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На хомосексуалците во Русија им е „врзана устата“

Притисокот врз хомосексуалците во Русија се зголемува. Парламентот забрани „хомосексуална пропаганда“. Ќе се казнуваат јавни изјави за „нетрадиционални сексуални ориентации“.

Олег С. најверојатно ги познавал своите убијци. Заменикот директор на еден регионален аеродром на полуостровот Камчатка на крајот на мај имал намера да се сретне со свој познаник, но бил намамен во стапица и убиен со повеќе убоди со нож. Руската полиција оценува дека мотив за убиството е „нетрадиционалната сексуална ориентација“ на 38-годишниот Олег С.

Неколку недели претходно сличен случај имаше во Волгоград. Тогаш беше убиено 23-годишно момче. Активистите од хомосексуалната сцена во Русија, како Николај Алексејев од Москва, го вклучија алармот. Според нив, соодговорна за најновите убиства е руската политика, која подгрева негативно расположение против хомосексуалците. Пример за тоа е забраната на „хомосексуална пропаганда“.

Russland - Schwulenproteste vor der Staatsduma

Протести пред рускиот парламент вчера (11.06) додека се носеше контроверзниот закон

Рускиот парламент вчера (11.06) го донесе законот со кој се казнуваат јавни изјави за „нетрадициоанлни сексуални ориентации“. Законот би требало да ги заштити децата и младите, објасни пред гласањето Елена Мисулина, претседател на парламетарната Комисија за семејство. Во текстот на законот, меѓу другото, се вели дека лице кое ја фали истополовата љубов, или на руските деца и млади им вели дека љубовта меѓу две жени или меѓу двајца мажи „социјално е еднакво вредна“ како љубовта меѓу маж и жена, ќе биде казнето.

Високи парични казни и затвор

Паричните казни предвидени со законот варираат од 100 евра за приватни лица до над 23.000 евра за фирми и организации. Ако за „пропаганда“ се користат медиумите, ќе бидат изречени 20 пати повисоки казни. Оној што, на пример, на свој блог напише дека хомосексуалната љубов е во ред ризикува да биде казнет со парична казна до 2.000 евра. Фирми и организации во ваков случај би добивале значително повисоки казни, а може да бидат дури и затворени во период до 90 дена.

И странски државјани во Русија треба да сметаат со еднакви казни како Русите. Освен тоа, странците може да бидат и уапсени за период до 15 дена, а потоа ќе бидат протерани од земјата.

Хомосексуалците во Русија се под се‘ поголем притисок во последната година. „Хомосексуална пропаганда“ беше прво забранета во негои региони во земјата, како во вториот по големина град - Санкт Петербург. Се‘ почесто се забрануваат маршеви на кои хомосексуалците сакаат да демонстрираат за своите права. И на денот на гласањето на законот за забрана на „хомосексуална пропаганда“ полицијата уапси околу дваесетина демонстранти пред зградата на парламентот кои сакаат да протестираат против законот.

Хомофобијата станува се‘ поголема

Анкетите покажуваат дека руското општество во меѓувреме се‘ повеќе ја отфрла хомосексуалноста. Речиси половина од Русите (47 проценти) смета дека е во ред ограничувањето на правата на хомосексуалците, соопши институтот за истражување на јавното мислење Левада-центар во април 2013 година. Во 2012-та таков став имаа 40 проценти испитаници. Три четвртини од испитаниците (73 проценти) сметаат дека државата треба да им забрани на хомосексуалците јавно да ја покажуваат својата сексуална ориентација.

Рускиот претседател Владимир Путин својата политика ја оправдува со вакви анкети. Острите закони се само отсликување на ставот на руското општество, гласи неговата порака. „Мислам дека нашите закони се прилично либерални“, рече Путин на самитот со ЕУ во јуни 2012 година, во Екатеринбург. Тој тврди дека во Русија нема дискриминација на хомосексуалците.

ЕУ на тоа гледа поинаку. Таа апелираше до Русија да не го носи законот за „хомосексуална пропаганда“. Критички се изјаснија и генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд и организацијата за човекови права Амнести Интернешнл.

Дали Елтон Џон ќе биде казнет?

Но меѓународната критика не допира до Русија. Политичката борба против хомосексуалците понекогаш добива и гротескни размери. На пример, пејачките Мадона и Лејди Гага беа остро критикувани за „слободните“ настапи на концертите во Санкт Петербург. Комисија основана од државата оцени дека на концертите не смеело да се пуштаат млади под 18-годишна возраст.

Во јули, во Краснодар, концерт треба да одржи Елтон Џон. Дотогаш контроверзниот закон можеби ќе биде веќе во сила. Елтон Џон не ја крие својата хомосексуалност. Не е веројатно дека може да биде казнет, но некои локални политичари сериозно од поп-пејачот побараа барем да го замени „својот костум за настап со свечена козачка униформа“.