1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Хаити се шири колера

Епидемијата на колера на Хаити се шири. Досега на инфективните одделенија починаа веќе 208 луѓе. И во главниот град, Порт о Пренс се потврдени пет случаи на колера.

default

Епидемијата на колера на Хаити се шири. Досега на инфективните одделенија починаа веќе 208 луѓе. И во главниот град, Порт о Пренс се потврдени пет случаи на колера.

Сега напорите на власта и на хуманитарните организации се концентрирани на мерките со кои ќе се спречи ширењето на бактериската инфекција на Хаити.

Петмината инфицирани во Порт о Пренс се изолирани и под третман, соопшти бирото на ОН за координација на хуманитарната помош. Портпаролката Имоџен Вал истакнува дека потврдата на случаите на колера претставува неповолен развој.

Cholerafälle in Haiti

Преполни болници, недоволно чиста вода

„Нашата прва задача е на луѓето да им ги објасниме правилата за хигиена и да ги снабдиме со чиста вода за пиење, со што ќе се заштитат од болеста. Превентивата, значи, особено правилното користење на водата се во случајов поефикасни отколку вакцината против колера“, потенцира Мануела Росбах, раководител на германската организација „Германска акција за помош“.

Во преполнетите болници досега се примени околу 3 илјади лица со типични симптоми на болеста: дијареа, висока температура и повраќање.

Здравствените и хуманитарните организации стравуваат дека колерата може да се прошири врз логорите околу Порт о Пренс, во кои се сместени околу еден милион луѓе кои по катастрофалниот земјотрес во јануари оваа година останаа без покрив над главата. Тие живеат во катастрофални хигиенски услови во провизорни сместувалишта.

Автор: ЖА/БГ/дпа/аф

Редактор: Борис Георгиевски