1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Хаити итно му е потребна помош

На донаторската конференција за Хаити во Њујорк ќе бидат поставени насоките за долготрајна помош за земјата која неодамна беше погодена од катастрофалниот земјотрес. За обнова на Хаити му се потребни 8,5 милијарди евра.

default

Град од шатори на Хаити

Повеќе од десет недели по катастрофалниот земјотрес и покрај огромната помош на меѓународната заедница на Хаити и натаму владаее хаос и беда. Стотици луѓе, кои треба да бидат во болница, лежат во шатори на улиците. Вака своите впечатоци од Хаити ги опишува Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Шанса од трагедијата да никне подобар Хаити

Се’ уште благата карипска клима е на страната на оние што останаа без домови и болните. Но набргу доаѓаат пролетните дождови како предвесник на годинешната сезона на урагани:

„Со тоа стотици илјади луѓе на Хаити, кои сега живеат во шатори, повторно би можеле да изгубат се’ “ , вели Едмонд Мулеи, шеф на мисијата на ОН на Хаити. Затоа сега е неопходна брза и широкограда помош.

Flash-Galerie Haiti Wiederaufbau

Помош на Хаити постојано пристигнува но и натаму не е доволна

Според досегашните проценки на Хаити за сеопфатна обнова му се потребни 8,5 милијарди евра. Во споредба со ова, сумата од околу 2,8 милијарди евра за која постојат надежи дека ќе биде постигната на актуелната донаторска конференција, изгледа скромно. Таа е меѓутоа замислена само како прва транша за наредите 18 месеци, во еден процес, кој доколку се’ врви добро, ќе трае десет години. Зашто целта, вели Хелен Кларк шефица на Програмата за развој на ОН, не е само отстранување на штетите туку еден нов почеток за Хаити:

„Во основа станува збор за визијата, по неописливата трагедија да се искористи шансата да се изградат подобри Хаити.“

Колку ќе донира Германија не е познато

Корупција, сиромаштија, нестабилност. Многумина меѓутоа се прашуваат дали актуелната влада на Хаити со оглед на историските хипотеки може да биде доверлив партнер при повторната обнова на земјата. Шефот на мисијата на ОН, Мулеи не сака да гледа никаква пречка во тоа:

„Ние не треба да бараме оправдувања за да не соработуваме со владата на Хаити. Сметам сека меѓународната заедница е соодговорна за слабостите на институциите и државата на Хаити.“

Сличен таков сомнеж би бил од мала помош кога станува збор за целта на конференцијата во Њујорк. Таа треба да ги анимира 100 земји учеснички да ја засилат финансиската помош за Хаити.

Конкретни ветувања досега има од САД кои сакаат да донираат една милијарда долари. Од страна на ЕУ досега се велеше дека на конференцијата во Њујорк ќе бидат донирани 1,2 милијарди евра. Каков удел во тоа ќе има Германија досега не се знае.

Автор: Томас Шмит/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска