1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

На фудбалските терени во Германија мирно

Во земјата во 2006-та година сепак ништо нема поголем приоритет од Светското фудбалско првенство . Во фокусот на организаторите е и безбедноста. Најавени масивни мерки за спречување на непосакувани криминални и терористички напади .

default

Додека во Италија , Шпанија , Англија и Франција, започна да се игра фудбал во новата година , во Германија на фудбалските стадиони е мирно. На помошните терени меѓутоа започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната во Бундеслигата.

Голем медиумско внимание предизвика првиот тренинг на најдобриео германски клуб Баерн од Минхен кој воедно е и есенски шампион во Бундеслигата :

„ Да бидеме успешни како во минатата година“ – гласеше новогодишната желбата на тренерот Феликс Магат .

Добра вест за него стигна веќе во првите денови од онавата година , откако францускиот репрезентативец Вили Сањол одлучи да го продолжи својот договор со Баерн до 2010 година . Во клубот изразија оптимизам и дека мозокот на екипата Михаел Балака , кому договорот му истекува на крајот од годината ќе остане во екипата.

Во Баерн сметаат на вештината на менаџерот Ули Хенес , кој како што се пошегува , добро се одморил за празниците и е подготвен за нова напнати моменти:

„Уште еднаш беше неопходно по целиот стрес од изминатите месеци , навечер да се испие една до две чаши црвено вино повеќе. Но тоа и годеше на мојата психа“ – рече Хенес .

Во Германија сепак во 2006-та година ништо нема поголем приоритет од Светското фудбалско првенство . Во фокусот на организаторите е и безбедноста , а на крајот на неделата беа најавени масивни мерки за спречување на непосакувани криминални и терористички напади . „Ќе бидат вршени контроли за можна вмешаност во криминални и терористички активности врз најмалку 220 илјади лица“ . Од таа мерка нема да бидат исклучени ниту фудбалерите , функционерите , и новинарите , како и сорабтониците кои ќе се грижат за хигиенати но и оние што ќе продаваат во киосците на стадионите . Претседателот на Фудбалската Феедрација на германија , Тео Цванцигер смета дека мерките се неопходни но изрази надеж дека тие нема да го попречат уживањето во фудбалот:

„ Затоа сите ние си посакуваме , безбедносните мерки да не бидат толку строги ,со што на крајот би се изгубил дел од радоста и задоволството од ова Светско Првенство . Но уште еднаш ние имаме целосна доверба во вистинските одлуки на политичарите и одговорните органи“ – истакна Цванцигер

Три победи , три втори места , еден пласман на третотот месо на сите трки во Оберхоф . Нецели пет неделу пред почетокот на Зимските олимписки игри во Торино , германските биатлонци се наоѓаат во олимписка форма . За победи во Светскиот куп во неделата се погрижија Мартина Глагоу во групен старт , Кати Вилхелм во спринт и машката биетлон штафета . Втори мста освоија во саботата женската штафета , Александар Волф во машкиот спринт и Свен Фишер во групниот старт на 15 километри . Успехот на германските биатлонци во Оберхоф го заокружи Катрин Апел.

Мартина Глагов инаку непосредно пред целта беше побра од олимписката победничка од Русиуја Олга Пилева. Глагов не сака да размислува на евентуалниот нивни дуел во Торино:

„ Ах , да кажам искерно за тоа во моментов ми е се едно. Денеска победив на трка во Светскиот Куп и мислам само на денешниот дека а не на она што ќе се случува за пет недели . Тоа е долг период“

Сојузниот третенр во биатлон Уве Мисиганг беше задоволен од резултатот на своите избраници во Оберхов и посакува слични остварувања во Торино:

„ Ќе се обидеме во Торино , да понудиме токму такви резултати кои ќе не направат задоволни . Дали тое ќе биде така , не знаеме , но јас сметам . дека постојат знаци оти сме на добар пат да оствариме такво нешто“

Остануваме во предолимписката атмосфера. Џорџо Рока , останува предводник во оваа сезона од светскиот куп во алпско скијање. 30 годишниот скијач од италијанското гратче Ливињо во Аделбоден, Швајцарија ја оствари четрвтата победа во слалом оваа сезона и ја потврди позицијата фаворит за освојување медал на Олимписките игри . Рока победи пред американецот Тед Лигети и водечкиот во генералниот пласман во Светскиот скијачки куп , Бенјамин Рајх . Германецот Алојс Фогл за првпат оваа сезона пристигна на целта и тоа на доброто девето место но не успеа да обезбеди директна квалификација на олимпискиот слалом само за едно место или за 9 стотинки .

„Со олимписката норма , во нормални услови не би требало да имам никакви проблеми, но со самиот старт не ми се олесни работата . Но се надевам дека во наредните трки ќе бидам подобра отколку денеска“ – истакна Фогл.

По еден ден одмор во Мавританија , на познатото рели Дакар денеска се вози деветаатат етапа . Германката Јута Клајншмит која вози за тимот на Фолксваген која се наоѓа на петото место во генералниот пласман , ќе се обиде да надомести дел од заостанувањето од 1 час 26 минути и 26 секунди зад првопласираниот Стефан Петерхансел на 874 километри долгата етапа од Ноакот до Кифа. Таа инаку во повеќе наврати имаше проблеми со гумите во осмата етапа а заглави и во еден момент заглави и во пустинскиот песок . Но Клајншмит и нејзината ковозачка , не ги напушта надежта за освојување на место на подиумот :

„ И секако ќе се обидеме да се искачиме на табелата . И на другите истотака може нешто да им се случи“- изјави Кланшмит.