1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Франција и се заканува рецесија

Нема ништо од оптимистичките прогнози за раст на француската економија. Официјален Париз ги ревидираше сопствените прогнози, а бројката на невработени достигнува рекордни височини.

Францускиот премиер Жан Марк Еро призна дека неговата влада ќе мора да ја ревидира проценката за економскиот раст на земјата во 2013 година, откако анализите покажаа дека не може да се достигнат предвидените 1,2 проценти раст. Економистите прогнозираат раст на француската економија следната година од 0,5 до 1,0 отсто. Според анализите, земјата е на работ на рецесија, а тоа го покажува и растот на невработеноста. Според вчера објавените податоци, невработеноста во земјата пораснала 15. месец едноподруго и го достигнала највисокото ниво во последните 13 години.

Синдикатите предвидуваат дополнителен раст на невработеноста во септември, за кога повеќе големи компании се подготвуваат за масовни отпуштања на работници.

Неповолната економска клима многу брзо драматично го намали рејтингот на новоизбраниот француски претседател Франсоа Оланд, кој во кампањата ветуваше отворање на илјадници нови работни места, спонзорирани од државата.