1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На Франкфуртскиот аеродром повторно штрајк

Патниците кои слетуваат или полетуваат од Франкфуртскиот аеродром од денеска повторно мора да сметаат на доцнење или отпаѓање на летови. Синдикатот на контролорите на летање повторно повика на штрајк.

Вечерва (26.02) од 21 часот до четврток (01.03) до пет часот изутрина контролорите на летање на Франкфуртскиот аеродром повторно ќе штрајкуваат. Тарифните преговори со работодавачите пропаднаа. Фирмата која управува со Франкфуртскиот аеродром „Фрапорт“ штрајкот го нарече „целосно претеран и несфатлив“. Истовремено, Фрапорт соопшти дека е подготвена за подолги паузи поради штрајкот. Се проценува дека околу 80 проценти од летовите ќе се одвиваат според планот.

Синдикатот на контролорите на летање ГдФ бара значително зголемување на платите, подобри услови за работа и пократко работно време. Фрапорт ги отфрла барањата како преголеми.

На аеродромот во Франкфурт контролорите на летање штрајкуваа и минатата недела. Притоа отпаднаа околу 1200 летови. Во четвртокот (23.02) синдикатот и работодавачите седнаа на маса за преговори, но тие во петокот вечерта беа прогласени за пропаднати.

Автор: ЕМФ/дпа/дв

Редактор: Б. Георгиевски