На Франкфуртскиот аеродром не мрда ништо | Економија | DW | 21.02.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

На Франкфуртскиот аеродром не мрда ништо

Франкфуртскиот аеродром денеска (21.02) е во најголем дел затворен за патници поради штрајкот на вработените во приватните фирми за обезбедување.

На аеродромот во Франкфурт минуваат само патниците кои патуваат транзит, соопшти портпарол на германската сојузна полиција. Фирмата која управува со аеродромот, Фрапорт, од патниците побара да стапат во контакт со своите авиокомпании и да ги разгледаат можностите за пререзервирање. До попладнево во Франкфурт се анулирани околу 60 летови.

Голем број места во авионите денеска останаа празни, поради тоа што нема кој да врши безбедносни контроли на патниците. Синдикатот Верди ги повика вработените во фирмите за обезбедување на штрајк од два часот изутрината до 23 часот. Штрајкот е закажан поради незадоволството од платите. Синдикатот бара 16 евра бруто за работен час на безбедносниот персонал, додека работодавачите нудат меѓу 10 и 13 евра. Спор се води и околу должината на работните договори. Наредната рунда преговори е закажана за 5 март.