1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На трагата на 50 чувари во Аушвиц

По цели 68 години од крајот на Втората светска војна, германските иследници им се на трагата на 50 чувари во концентрациониот логор Аушвиц, јавуваат весниците на групацијата ВАЦ во Германија.

Медиумската групација ВАЦ јавува дека Централната служба за расчистување на националсоцијалистичките злосторства со седиште во Лудвигсбург во текот на наредните недели ќе отвори предистражни постапки против 50 поранешни чувари во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Обвинението гласи - пружање помош при убиство.

Раководителот на Централната служба, Курт Шрим, потврди дека истрагата има имиња и податоци за местото на живеење на осомничените. Тие живеат низ цела Германија и се на возраст од околу 90 години. Според Шрим, откако падна пресудата за Џон Демјанјук, чувар во логорот Собибор, за подигање обвинение е доволно ако лицето извршувало каква било задача во некој концентрационен логор.

Kurt Schrimm Leiter Zentralen Stelle der Landesjustizbehörden zur Aufklärung nationalsozialistischer Verbrechen

Курт Шрим, раководител на Централната служба за расчистување на националсоцијалистичките злосторства

Демјанјук во 2011 година беше осуден за пружање помош при убиство во 20.000 случаи. Тој од судот во Минхен беше осуден на пет години затвор.

Централната служба за расчистување на нацистичките злосторства постои од 1958 година. Оттогаш се водени вкупно 7485 истражни постапки.

Концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау (на фотографијата горе влезот во логорот) беше во периодот од 1942 до 1945 година најголем германски концентрационен логор. Во него нацистите убија околу 900.000 Евреи во гасни комори, а околу 200.000 други беа убиени од страна на СС-силите или починаа од глад.