1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На синот на Гадафи ќе му се суди во Либија

Наспроти апелите до либиските власти да го испорачаат Саиф ал-Ислам Гадафи на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, тие донесоа одлука да му биде судено во татковината. Тој е обвинет за убиство, корупција и измачување.

default

Саиф ал Ислам Гадафи

На Саиф ал-Ислам, синот на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи, ќе му биде судено во Либија и пресудата ќе биде објавена до средината на јуни, изјави портпаролот на Преодниот национален совет (ПНС) Мохамед ал-Хареизи. Хареизи изјави дека Саиф ал-Ислам за 10 дена ќе биде доведен во Триполи и судскиот процес против него ќе заврши пред парламентарните избори, закажани за два месеца. На синот на Гадафи ќе му биде судено по обвиненија за убиство, корупција и малтретирање. Саиф ал-Ислам се чува на тајно место во Зинтан, откако во ноември беше фатен од револуционерните борци.

Портпарол на воениот совет на западниот либиски град вчера (09.04) изјави дека борците се согласиле да го предадат на властите во Триполи и тоа ќе се случи уште оваа недела. Активистите за човекови права повикуваат Саиф ал-Ислам да се предаде на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, бидејќи стравуваат дека тој нема да добие праведен процес во Либија.