1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На самит со воздишка на олеснување

Денес и утре (15/16.10.2008) во Брисел - редовен самит на ЕУ. Во фокусот е финансиската криза, но и заштитата на климата, иднината на Договорот од Лисабон и односот на унијата кон Русија.

default

Против кризата само заедно!

Иако финансиската криза сеуште не е пребродена, шефовите на држави и влади на ЕУ во Брисел, може да си дозволат извесно чувство на олеснување. Пакетот мерки за спас на финансискиот сектор, договорен во неделата на вонреден самит на унијата во Париз, покажа дејство со значителен пораст на курсевите на берзите. Сега, 27-те држави ќе работат на натамошно стабилизирање на пазарите. И покрај постоењето на национални планови за спас, фокусот е ставен врз кородинираната соработка, вели германската канцеларка, Ангела Меркел: „Добро е што ние, во европските земји, од Франција, преку Шпанија до Велика Британија, сега применуваме исти инструменти. Сфаќањето дека ’може само заеднички’ е она што ни‘ е потребно.“

Се очекува останатите 12 земји од ЕУ да ја заземат линијата на земјите членки на евро-зоната. Во меѓувреме, вкупно 13 земји на ЕУ донесоа одлука за инјекции на капитал и гаранции за давање кредити, во вкупна висина од две илјади милијарди евра.

Финансиската криза не ја избриша промената на климата

Иако во фокусот на самитот во Брисел е финансиската криза, многу во позадина нема да биде и стратегијата на ЕУ за заштита на климата, соопшти претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо: „Ваквиот

PK zu Freilassung bulgarischer Krankenschwestern aus lybischer Gefangenschaft Jose Manuel Barroso

Жозе Мануел Барозо, претседател на ЕК

луксуз не можеме да си го дозволиме. Спасувањето на планетата не е ракија која помага за подобро варење, која по вечерата или ќе се испие, или едноставно нема да се испие. Промената на климата не исчезнува поради финансиската криза! Затоа, мораме да се држиме до целите кои заеднички ги формулиравме минатата година!“

Сепак, конкретни заклучоци за пакетот мерки за климата и за енергијата се очекуваат дури на наредниот самит на ЕУ, во декември. Многу држави, меѓу кои и Германија, би сакале да ги „олабават“ предлог законите за овие сфери.

И...како со Русија?

Предмет на спор е и односот на ЕУ кон Русија. Министрите за надворешни работи на унијата досега не можеа да постигнат согласност кога повторно да бидат почнати преговорите за нов договор за партнерство. Тие сеуште се замрзнати поради интервенцијата на Русија во Грузија. Повеќе држави, меѓу нив и Шведска и Велика

Symbolbild Russland EU

Ставовите на ЕУ за Русија - различни

Британија, се противат на скорешно повторно почнување на преговорите, за што се залага француското претседателство со ЕУ. Сега решение треба да донесат шефовите на држави и влади на унијата.

Иднината на Договорот за реформа на ЕУ ќе биде во преден план дури на самитот во декември. Ирскиот премиер, Бреијен Кауен ќе ги извести колегите за состојбата во неговата земја, но Ирците сеуште немаат донесено решение дали и кога ќе се одржи втор референдум околу Лисабонскиот договор.

Шефовите на држави и влади, во Брисел, треба да го донесат „Европскиот пакт за доселување и азил“. Со овој пакт ЕУ сака да создаде рамка со која подобро ќе се регулира легалното доселување и поефикасна ќе се направи борбата против илегалната миграција. Темата миграција, првично, стоеше сосема горе на агендата на француското претседателство со унијата, но тоа беше пред ЕУ да почне да влегува од една криза во друга.

DW.COM

Поврзана содржина