1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На ред е Законот за Собранието

Законот за Собранието, еден од предусловите за напредок на Македонија кон Европската унија, денеска (17.08.2009) треба се најде на собраниска седница, по двонеделниот одмор на пратениците.

default

Законот за Собранието е еден од трите закони што ги бара Брисел за Македонија наесен да добие позитивен извештај од Европската комисија и препорака за почеток на преговорите со ЕУ за членство.

Засега е неизвесно дали законот може да биде усвоен со консензус, како што бара ЕУ, поради условувањето од партијата Нова Демократија - албанскиот јазик во Собранието да стане службен. Работната група на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и НД не се усогласила околу амандманите на законот од Нова Демократија.

По одморот на пратениците ќе се знае и дали ДПА ќе ги оствари најавите за бојкот на Собранието.

Парламентот, минатиот месец, ги усвои измените и дополнувањата во Законот за финансирање на политичките партии, а меѓу законите за позитивен извештај од ЕУ треба да поминат и законските измени за државната администрација.

Еврокомесарот за проширување Оли Рен при посетата на Скопје, минатиот месец, рече дека има реална шанса Македонија наесен да добие позитивен извештај и препорака за почеток на преговори со ЕУ ако во наредните два месеца ги заврши задачите што ги постави Брисел.

Автор: ЖА/миа/макфакс

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска