1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На ред е економијата

Американскиот претседател, Барак Обама врши притисок врз водечките конгресмени за побрзо донесување на пакетот конјуктурни мерки за поттик на економијата. Републиканците го критикуваат пакетот мерки на Обама.

default

Обама на средба со водечките конгресмени во Белата куќа

Барак Обама бара брзо донесување на конјуктурната програма која во наредните години треба да обезбеди отворање на околу 4 милиони нови работни места. Тој врши притисок врз конгресмените, но отворено признава дека во Конгресот има отпор кон пакетот конјуктурни мерки, тежок 825 милијарди долари.

„Мора да признаам дека се‘ уште има разлики меѓу владата и членовите на Конгресот околу одделни точки од програмата“, изјави американскиот претседател во Вашингтон. Обама има намера да го „протурка“ пакетот мерки во Конгресот до средината на февруари, зашто, како што рече: „Секој нов ден става поголем акцент врз проблемите што ги имаме, не само во однос на губењето работни места, туку и во однос на нестабилноста на финансискиот систем. Затоа сите мора да преземат чекори што е можно побргу за да се донесе овој пакет за опоравување на економијата кој ќе донесе три до четири милиони нови работни места.“

Републиканците критикуваат дека пакетот на Обама е „прескап“

Конгресмените од редовите на републиканците, пак, на средбата со американскиот претседател, презентирале свои идеи за конјуктурен пакет во кој се предвидени намалување на даноците за работниците и олеснувања за малите претпријатија. Портпаролот на републиканците во Конгресот, Џон Бенер, по средбата во Вашингтон изјави дека пакетот мерки на Обама е „прескап“ и ќе биде „потребно премногу време за да биде спроведен“.

Концептот на Обама предвидува 550 милијарди долари за државни издатоци и намалување на даноците во висина од 275 милијарди долари.

DW.COM