1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На различна бранова должина за случајот ОМО Илинден-Пирин

Кај Комитетот на министрите и Парламентарното Собрание на Советот на Европа очигледно постојат различни пристапи во случајот „ОМО Илинден-Пирин против Бугарија“ и во однос на одлуките на Европскиот суд за човекови права.

default

Советот на Европа

Пресудата на Европскиот суд за правата на човекот во случајот „ОМО Илинден-Пирин против Бугарија“, се‘ уште не е спроведена од страна на Бугарија, смета Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ) во најновиот додаток на мониторинг извештајот за Бугарија. Подготвувачот на извештајот, украинскиот парламентарец, Серхиј Холовати, потсетува дека станува збор за случајот со кој беше распуштена оваа политичка партија, која имаше за цел да се „признае македонското малцинство во Бугарија“. Во пресудата од 20 октомври 2005, Судот од Стразбур заклучи дека распуштањето на партијата ОМО Илинден-Пирин во 2009 година, претставува кршење на членот 11 од Европската Конвенција за правата на човекот.

Советот на министрите толерира одолговлекување

Позиција на ПС на СЕ драстично се разликува од последната одлука на Комитетот на министрите, кој сака во септември да го затвори како „решен“ случајот ОМО Илинден-Пирин, не водејќи сметка

Europarat in Strasburg - Council of Europe

дека Европскиот суд за правата на човекот се‘ уште нема донесено одлука околу повторните неуспешни обиди за регистрација на партијата, ниту пак дека партијата се‘ уште не може да се регистрира и покрај трите обиди пред бугарските судови.

Известителот на ПС на СЕ, кипарскиот пратеник Кристос Пургуридес, кој беше во мониторинг посета на Софија, токму по прашањето за начинот на кој Бугарија ги спроведува пресудите на Судот од Стразбур, смета дека овај случај најдобро сведочи за разликите во пристапите на двата органи на СЕ кога станува збор за извршувањето на пресудите:

„Една од областите во кои има најсериозни конфликти меѓу ПС и Комитетот на министрите е токму спроведувањето на пресудите на судот. Во ПС на СЕ бараме пресудите на Судот да бидат спроведени брзо, без одлагање и на ефикасен начин. Комитетот на министрите пак од негова страна спроведува друга процедура. Комитетот на министрите им дозволува на земјите и владите, на кои Судот им рече дека ја прекршиле Конвенцијата за човекови права, да добијат на време, оставајќи им години и години пред да бидат принудени да ја исполнат пресудата.“

Пургуридес притоа нагласува дека ова не е нов проблем меѓу двата органи на Советот на Европа.

„Ние од секогаш сме биле во голем судир, бидејќи Собранието вели дека треба да се спроведат пресудите веднаш. Додека Комитетот на министрите вели „ќе се обидеме да најдеме терен за спогодување“, така им се дава повеќе време на владите и земјите да ги спроведат пресудите со што се губи од ефикасноста на судот“, завршува кипарскиот парламентарец.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM