1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

На прошетка во Рига

Во Рига живеат повеќе од 700.000 жители. Најголемиот град во балтичката земја ги воодушевува туристите со стари и историски знаменитости, но и со нови импресионистички зданија. Градот нуди забава за млади и стари.

default

Рига-стариот дел е срцето на градот

Кога ќе го слушнете ова ѕвонче во јавниот превоз, знаете дека сте стигнале до последната станица, истовремено и во центарот на Рига, во близина на централната железничка станица. Повеќето од автобусите, трамваите и возовите ја завршуваат својата линија во срцето на главниот град на Летонија. Стариот дел е вооедно и најживиот дел на градот. Аија Тамсон е туристички водич и ова е нејзиниот предлог каде да ја почнете авантурата во Рига: “Можете да започнете на плоштадот на градската општина. Во центарот за туристички информации ќе најдете добри карти на градот со интересни тури и објаснувања за најпознатите знаменитости во стариот град.”

Кога ќе излезете од железничката станица, ќе забележите дека звуците од сообраќајот и уличните музичари прават сосема поинаква атмосфера.Во средновековните улички на стариот град ќе најдете многу цркви, музеи, уметнички галерии и историски зданија: “Катедралата на Рига е најголема црква во балтичките држави. Нејзината архитектура е многу интересна однадвор, а внатре сензација се оргуљите од 19 век, кои тогаш биле најголеми и најдобри во светот. И денес тие се сметаат за едни од најдобрите” -објаснува Тамсон.

На прошетката со брод можете да видите речиси се’ од градот

Lettland - Riga Kirchen im Stadzentrum in Riga

Катедралата Св. Петар

Но, за жал, морате да платите влезница во ваквите зданија. Затоа се исплатува да понесете студентската идентификација, доколку ја имате. Но, во основа, цените во Рига се многу ниски. На пример, за да добиете панорамска глетка на градот од 72 метри височина во црквата Св. Петар, треба да платите само 3 евра. Но, постои и друг ефтин начин да се разгледа летонската престолнина, имено со брод низ каналот на градот. Капетанот Арнис Берзинш: “Турата трае околу еден час. За тоа време ќе можете да го видите целиот стар град. Едноставно опуштете се, слушајте ја музиката, аудиоводичот, или, пак, тоа што ви раскажува капетанот.”

Бродот застанува во близина на централниот и воедно најголемиот пазар во градот. Тој е добро место да купите свеж зеленчук или овошје, вели Врајт Максвел, студент од Нигерија кој живее во Рига: “Пазарот на летонски се вика тиргус. Насекаде во градот има мали тиргуси каде што можете да купите се` што ви треба, свеж зеленчук, месо и слично. Таму е многу поефтино, отколку во супер-маркет.”

Пазарите се отворени до вечер, затоа не мора да брзате!

Die Altstadt von Riga

Плоштад во стариот дел на градот

Ако не сакате да готвите сами, ви предлагаме да одите во некое кафуле и да ги пробате традиционалните летонски палачинки со месо. Тие се служат во многу ресторани за брза храна. Што се однесува до сместувањето во Рига, Фузиа Захир од Сан Франциско вели дека тоа лесно се наоѓа: “Мислам дека цените се прифатливи. Јас сум постојано во движење и немаме толку многу пари, шетаме со ранци. Сместени сме во хостел и по човек плаќаме околу 10 до 15 за една ноќ.”

Постои и можност да изнајмите ефтин стан или, пак, да одите на варијантата „кауч-сурфинг“. Меѓутоа, пред да ја донесете крајната одлука, еве уште еден совет од Летонката Мадара Лесите: “Треба да знаете дека преку ноќ нема јавен превоз. Морате да одите пеш или да земете такси. Но, таксито е многу скапо, затоа најдобро е да најдете сместување во центарот на градот.”

А, ако сте од оние кои навечер повеќе сакаат да се забавуваат, отколку да спијат - во старата Рига сте на право место, а диџејот Аспирин ќе ви пушта музика: “Централно место за ноќниот живот е плоштадот Дома. Има навистина многу локали што можете да ги посетите, но во мојот клуб не треба да плаќате влезница, бидејќи е еден вид кафуле, можете да влезете бесплатно и да слушате добра музика.“ Повеќето клубови и барови во Рига се отворени до рано наутро. Затоа заборавете го часовникот и едноставно забавувајте се.

Автор: Гедертц Гелзис / Бисера Огњановска

Редактор: Алексадра Трајковска

Поврзана содржина