1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

На приватни аудиенции кај Бенедикт 16-ти денеска беа повеќемина германски врвни политичари

Папата синоќа имаше средба со претставници на православните и на Евангелистичката црква, а подоцна попладнево ќе разговара и со претставници на организации на муслиманите од Германија.

Додека Папата денеска се среќаваше со политичарите, младите аџии веќе почнаа да фаќаат место очекувајќи го на вечерната молитва

Додека Папата денеска се среќаваше со политичарите, младите аџии веќе почнаа да фаќаат место очекувајќи го на вечерната молитва

Кај Папата прво беше германскиот канцелар Герхард Шредер, кој си замина без да пренесе впечатоци од средбата. Претседателот на германскиот Бундестаг Волфганг Тирзе со Папата разговарал за Советувалиштето за бремени жени Донум Вите, основано од католички лаици. Ватикан инаку, го забрани поранешното советување во рамките на Црквата пред евентуален абортус, а е и против прекин на бременоста. Папата ја потврди позицијата на Ватикан, извести Тирзе. Тој го оцени Бенедикт 16-ти како „весел, опуштен и внимателен соговорник“. За претседателот на парламентот остана непознато дали Папата, инаку Германец, ќе го искористи своето право на глас на претстојните парламентарни избори – за тоа не станало збор.

Опозициониот демохристијански кандидат за канцелар Ангела Меркел пренесе од средбата дека на Папата на срце му е судбината на Европа. На разговорот станало збор и за развојот на Германија и развојот во екумената.

Бенедикт 16-ти, според зборовите на покраинскиот премиер на Северна Рајна Вестфалија Јирген Ритгерс, се искажал за исламска религиозна настава во Германија. Истовремено тој покажал големо интересирање за натамошен развој на германскиот образовен систем.

Муслиманите во Германија повеќе од 20 години бараат регуларна религиозна настава на германски јазик за своите деца. Инаку, нив можат да ги испраќаат само во училишта за коранот кои не подлежат на државна контрола, а ги бие глас и дека дејствуваат против интеграција. Муслиманите за своето барање имаат поддршка и од германските бискупи. Модел-проекти се одвиваат во Северна Рајна Вестфалија, Долна Саксонија и Баварија. За подоцна попладнево е предвидена средба на Папата со 10-мина претставници на различни организации на Муслиманите од Германија. Се очекува дека Папата во оваа пригода ќе се искаже и во врска со тероризмот. Потоа ќе оди на вечерна молитва на Мариенфелд кај Келн.

Инаку, Папата Бенедикт 16-ти синоќа се состана со претставници на другите христијански конфесии и притоа повика на поголеми напори во екумената. Расцепот во христијанството е во контраст со волјата Христова, рекол Папата на едночасовната средба зад затворена врата со 30 претставници на православни и протестантски цркви. Претседателот на Советот на Евангелистичката црква во Германија Волфганг Хубер, кој се залага за чесен дијалог меѓу протестантите и католиците, по средбата оцени: „Она што досега можеме да го осознаеме, е дека Папата Бенедикт 16-ти единството на Црквите го прогласи за приоритет на својот понтификат, и тој тоа денес уште еднаш нагласено го потврди“.

Вчера Бенедикт 16-ти ја посети и сонагогата во Келн при што им оддаде почит на жртвите на холокаустот и повика на подобро меѓусебно запознавање на Евреите и христијаните и на нивни заеднички напори за создавање подобар свет.

Поврзана содржина