1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

На Полска и се заканува владина криза

*

Во Полска повторно се заострува владината криза. Претседателот на радикалната партија Самооброна, Анжеј Лепер не исклучи продолжување на коалицијата, но само без премиерот Јарослав Качински. Раководството на партијата Самооброна вчера донесе одлука да ги повлече своите министри од владата. Качински пред еден месец го отпушти Лепер од функцијата вице премиер и министер за аграр, поради сомневање дека бил вмешан во корупциска афера. Во меѓувреме паријата Националистичка лига на полските семејства со која коалциира Качински исто така размислува да побара смена на премиерот.