1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На повидок релаксирање на политичките односи меѓу двете супер сили?

Русија ја суспендираше одлуката за стационирање на ракети во Калининград, поради промените во американската политика. Ова е јасен сигнал за поблиска соработка на властите во Кремљ со администрацијата на Барак Обама.

default

„Имплементацијата на плановите за распоредување ракети од краток дострел во Калининград е запрена поради фактот дека новата американска администрација на претседателот Барак Обама не брза со плановите за распоредување на анти-ракетниот штит во Источна Европа“, изјавил денеска претставникот на Генерал-штабот на руската армија. Амбасадорот на САД во НАТО, Курт Волкер потоа веднаш истакна дека доколку биде потврдена оваа информација станува збор за многу позитивен чекор

Први сигнали на Русија до администрацијата на Обама

USA Russland Wladimir Putin und George Bush in Kennebunkport

По првичните симпатии односите меѓу Владимир Путин и Џорџ Буш се’ повеќе се заоструваа

Уште пред неколку денови министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров сугерираше дека е можен ваков чекор.

„И ние истотака гледаме дека претседателот Обама околу прашањето на анти-ракетниот одбранбен штит сака да направи пауза, не само поради актуелната финансиска криза, туку тој го најави тоа претходно. Тој сака да го анализира проектот, неговата ефикасност како и неговите трошоци. Се надеваме дека притоа тој ќе ги земе предвид руските предлози“, рече Лавров.

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш инсистираше на стационирањето на анти-ракетниот штит во Полска и во Чешка до последен момент. Во ноември, кусо по изборот на Обама , рускиот претседател Дмитри Медведев се закани со стационирање на проектилите од краток дострел „Искандер“ во Калининград, доколку плановите навистина се остварат. Тоа што сега Москва ги повлекува ваквите закани е прв знак за поблиска соработка со новата администрација во Вашингтон, смета рускиот воен експерт Павел Фелгенхауер.

„Тоа е еден од сигналите, кои Русија во последно време засилено и ги испраќа на новата американска влада во Вашингтон, дека е подготвена за дијалог и за нов договор“, вели Фелгенхауер.

Руските очекувања од Обама се огромни

Barack Obama vor AIPAC

Од Обама се очекува многу

Но, дури и ако Русија и САД во блиска иднина пронајдат решение за одбраната од ракетни напади, тоа би бил само прв чекор. Москва сака рамноправни односи со Вашингтон. За раководителот на Институтот за американски истражувања, Кремењук, администрацијата на Џорџ Буш во минатото премногу често настапуваше против руските интереси.

„САД мораат да престанат на другите земји да им ги диктираат нивните замисли. Тие се високо развиени и заслужуваат голем респект. Но не можат да ги сфатат посебностите во другите земји“, истакнува Кремењук.

Договорот за конвенционалните воени сили во Европа, проширувањето на НАТО кон Исток и руското спротиставување на признавањето на независноста на Косово, се само дел од примерите за тоа колку во последно време се разликуваат замислите на Русија и на САД. Фелгенхауер и натаму има сомнежи за тоа дали и со Обама како американски претседател ќе има значително подобрување на односите меѓу двете земји.

Како и насекаде во светот, и руските очекувања од Обама се огромни. Прва средба меѓу Обама и Медведев ќе има веќе во април. Рускиот министер Лавров вчера соопшти дека тие планираат да се сретнат на маргините на Самитот на Групата 20 во Лондон.