1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

На повидок преговори за владина коалиција во Германија

По третата рунда сондирачки разговори СПД и партиите на Унијата им препорачуваат на своите партии да започнат коалициони преговори. Одлуката е во рацете на делегатите на СПД, кои имаат средба претстојниот викенд.

Последната сондирачка рунда на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и партиите на Унијата (Христијанско-демократската унија и Христијанско социјалната унија односно ЦДУ и ЦСУ) траеше до доцна во ноќта, но денеска работите се одвиваа многу побрзо. По околу дваипол часа преговори меѓу претставниците на СПД, ЦСУ и ЦДУ од преговарачките кругови пристигна информацијата дека делегациите им предлагаат на партиските тела да започнат преговори за заедничка владина програма. Шефот на ЦСУ Хорст Зехофер рече дека формалните коалициони преговори би можеле да почнат уште во среда. Нова сондирачка рунда нема да има.

ЦДУ за утре (18.10) претпладне свика телефонска конференција на управата на партијата, за да информира за резултатот. Отпор постои пред сѐ во базата на СПД. Оваа партија во недела на специјална партиска средба ќе го разгледува предлогот за формирање владина коалциија со ЦДУ и ЦСУ.

На втората сондирачка рунда меѓу партиите на Унијата и СПД во понеделникот постоеа големи разлики околу темите: покачување на даноците и најниска плата. Откако пропаднаа паралелните сондирачки разговори меѓу Унијата и Зелените, претседателот на ЦСУ Хорст Зехофер најави готовност за компромис по темите најниска плата и бегалска политика.