1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На повидок обновување на дијалогот власт-опозиција

На почетокот на наредната недела премиерот Никола Груевски и лидерот на опозицискиот СДСМ, Бранко Црвенковски на тет-а-тет средба ќе се обидат да го деблокираат дијалогот власт-опозиција , како услов за фер избори.

default

По подолго време наскоро повторно на заедничка маса? Бранко Црвенковски и Никола Груевски

Власта и опозицијата создаваат клима на обновен политички дијалог. Откако Црвенковски ја прифати поканата за директна средба со Груевски, на почетокот од наредната недела, синоќа се одржа невообичаен политички настан во Струмица. На партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ, на соочувањето на граѓаните со мини владиниот кабинет, беше присутен, па и добронамерно примен, градночалникот и потпредседател на СДСМ Зоран Заев, заедно со пратеничкиот координатор на опозицијата Цветанка Ивановска.

Strasse in Strumica, Mazedonien

Струмица

„Нема да дозволиме вонредните парламентарни избори да го нагризат моделот на демократија што сме должни да го градиме и практикуваме според европски стандарди“, изјави шефот на македонската влада.

Средба Груевски- Црвенковски во понеделник или вторник

Синоќа, само шест часови откако предходно неговиот соперник Црвенковски ја прифати поканата за нивно лично соочување, Груевски пред сопартијците на југот од државата кажа:

„Ние нема да дазволиме некој да прави штета на интересите на државата, а со прифаќањето на билатералната средба нема да се согласиме некој одново да купува време за организирање на предвремени избори. Местење на избори не е на арно за секој што ќе се обиде тоа да го направи, ние нема да дозволиме фалсификат, ќе направиме се’ за фер и слободно гласање“, рече Груевски. Предходно Црвенковски излезе со прашање-“од што се плаши Груевски“.

„Можете да се кочоперите колку сакате, можете да не прозивате нас и мене лично, но или ќе има договор или на избори ќе одите сами“, му порача на Груевски предходно од Скопје лидерот на СДСМ.

Во понеделник или вторник, за прв пат насамо, двајцата, ќе се обидат да го деблокираат дијалогот власт- опозиција, како услов за подготовки на фер и демократски избори.

Sozialdemokraten, Kongress in Mazedonien

Зоран Заев

Заев на трибината на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Струмичкиот градоначалник, на една неодамнешна партиска трибина на СДСМ во Валандово, зборувал дека “кога ќе дојдат на власт живи деца ќе јадат, со комлетни смени во јавната администарација преполна со вмровските кадри“, што како политички канибализам беше жестоко критикувано во македонската јавност, па мораше и да се извинува. Синоќа тој лично побарал да учеството на трибината на ВМРО-ДПМНЕ, во градот што важи за упориште на опозицијата.„Без оглед што не ги добивме сите барани одговори од министрите за развојот на градот, сепак сметам дека и овој начин на дијалог е обновување на контактите власт-опозиција, дека е дојдено време да се седне на маса и да се разрешат разликите“.

Jovan Manasievski, Mazedonien

Јован Манасиевски

Партиските активности се забрзуваат

Следната седмица веројатно ќе има и поширока лидерска средба, зашто со ултимативни барања и можен бојкот настапува и ДПА. Од таму се бара во иновираниот изборен закон да се прекројат 6-те изборни единици, каде има разлика во големината на регистрираните гласачи и до 30 илјади гласови, што, според Мендух Тачи, им одзема на Албанците најмалку 3-4 места, па нивниот број би можел да биде и над 30 пратеници во идниот состав.

„Не би било добро одговор на бојкотот да биде уште еден бојкот. Милсам дека на повидок е обновување на комуникацијата помеѓу политичките лидери и низ дијалог да се доближат различните гледишта околу изборниот пакет“, кажа Ермира Мехмети, пратеник од владеечката ДУИ.

Следува нов партиски викенд. Најпрвин, денеска, се огласува новата партија наречена Демократска Десница, што ќе ја води Филип Петровски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Во недела е редовен конгрес на Либерал-Демократската партија, која го напушти таборот на СДСМ и со младиот Јован Манасиевски се определи за самостоен настап со изборен слоган „Има излез“. Тие ќе настапат со програма која нуди редуцирање на бројот на пратениците до 90, дијаспората да не гласа, а владата да има двојно помалку министри и ресори.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски

DW.COM