1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На повидок нова кавга меѓу БиХ и Србија

Поранешниот член на Претседателството на БиХ, Ејуп Ганиќ, е уапсен во Велика Британија на барање на Србија, која ќе бара негово израчување. За Харис Силајџиќ, ова е продолжение на политиката на Милошевиќ.

default

Ејуп Ганиќ уапсен во Лондон

Додека британската полиција на лондонскиот аеродром го апсеше еден од најистакнатите заговорници на независноста на БиХ, Ејуп Ганиќ, британскиот амбасадор во Сараево Мајкл Татам во зградата на државното претседателство на босанските политичари им го честиташе Денот на независноста на државата. „Метрополитен полицијата во Лондон потврди дека Ејуп Ганиќ е уапсен на лондонскиот аеродром. Неговото апсење е резултат на иницијалното барање за израчување, поднесено од Србија. Професорот Ганиќ наскоро ќе се појави пред Основниот суд во Лондон, каде ќе бидат изнесени наводите против него и затоа не е умесно во моментов да бидат давани други коментари“, изјави Татам.

Не постои потерница од Интерпол

За телевизијата ФТВ ќерката на Ганиќ, Емина, изјави дека е изненадена од постапката на властите во Лондон, со оглед на тоа што за случајот не постои потерница од Интерпол.

Emina Ganic - Geschäftsführerin von Sarajevo Film Festival

Емина Ганиќ

„Ејуп Ганиќ е задржан врз основа на билатералната спогодба меѓу Србија и Велика Британија. Значи, тие не се обраќаат кон меѓународна мрежа и не се повикуваат на меѓународно право, туку директно и‘ се обраќаат на државата Велика Британија и се трудат да направат случај заради негова екстрадиција, во што сум уверена дека нема да успеат“, вели Емина Ганиќ.

За случајот веќе се води истрага

Се претпоставува дека Србија од Велика Британија ќе бара израчување на Ганиќ поради наводни воени злосторства, па главниот обвинител на БиХ, Милорад Барашин потсетува дека истрагата за случајот „Доброволска“ е отворена во Обвинителството во БиХ, па не се можни паралелни истраги и процеси. „Бидејќи Ганиќ е државјанин на БиХ, врз основа на барање на државното министерство за правда би требало да биде израчен во БиХ“, рече Барашин.

Министерот за правда на БиХ Бариша Чолак смета дека вакво нешто не смеело да се случи поради неодамна потпишаната спогодба меѓу двете земји за меѓусебно извршување одлуки кај кривични дела. „Според местото на престој, Ејуп Ганиќ, ако за тоа постојат докази, не би требало да биде изведен пред правосудни органи никаде освен во БиХ“, тврди Чолак.

Dobrovoljacka Strasse in Bosnien Hauptstadt Sarajevo

За судирот во улицата „Доброволска“ во Сараево веќе се води истрага

Акт кој ќе има последици

Апсењето на Ганиќ предизвика остри реакции на членот на Претседателството на БиХ Харис Силајџиќ. „Овде и‘ се суди на нашата одбрана. Ова не е прв случај на релативизирање и изедначување, ќе има и други такви обиди, но оние кои работат на нив треба да се убедени дека ќе се бориме со сите средства за да ги одбраниме правата на нашите граѓани и достоинството на отпорот кон агресијата која беше извршена врз БиХ“, изјави Силајџиќ.

Членот на претседателството Небојша Радмановиќ смета дека кон случајот со апсењето на Ејуп Ганиќ треба да се пристапи во смисол на извршување на правдата, па сите осомничени за воени злосторства мораат да одговараат пред судот. Воениот член на Претседателството и актуелен претседател на Српскиот граѓански совет Мирко Пејановиќ, вели дека овој случај би можел сериозно да ги наруши односите меѓу БиХ и Србија. „Во Сараево се чувствува психоза, оваа вест сите тешко ја примија. Тоа може да ескалира не само во влошување на односите меѓу двете држави, туку и во влошување на внатрешните меѓуетнички односи во БиХ“, рече Пејановиќ.

Најавено е дека српското министерство за правда денеска ќе им упати молба на надлежните органи на Велика Британија за израчување на Ејуп Ганиќ.

Автор: Самир Хусеиновиќ/ Жана Ацеска

Редактор: Александра Трајковска