1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

На повидок компромис во американската должничка криза

Во должничка криза во САД е постигнат првичен договор, јавуваат американските медиуми. Доколку до 2. август не биде постигнат конечен договор се заканува банкрот со последици по светската економија.

default

Во должничката криза во САД, според информации на телевизиската станица ЕјБиСи, e постигнат првичен компромис. Телевизијата денеска информираше, дека лидерите на демократите и републиканците во моментов ги информираат

USA Schuldenkrise

Повеќенеделна битка меѓу демократите и републиканците

пратеничките групи за постигнатата согласност и ја тестираат реакцијата на претениците. Централно прашање и натаму е дали евентуалниот компромис ќе добие мнозинство во двата дома на Конгресот. Телевизијата истовремено цитираше информирани кругови со изјавата: „За ништо не е постигната согласнсот, се’ додека не биде постигнат целосен компромис.“

Демократската партија на претседателот Барак Обама и опозиционите републиканци со недели спорат околу подигање на границата за долговите, од сегашните 14,3 билиони долари. Дококу до вторник не биде постигната согласност САД ќе се соочат со банкрот. Ваквиот развој би можел негативно да се одрази врз светската економија и повторно да ја врати кревката американска економија во рецесија.

Автор: АТ/СН/дпа

Редактор: Симе Недевски