1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

На повидок германски инвестиции во Македонија?

Во Македонија се пристигнати претставници на дваесетина германски компании. Од позвучните имиња се „Хохтиф“ и „РВЕ“. Тие се надеваат на конкретни зделки со македонските партнери.

default

Енергетскиот концерн „РВЕ“

Највисокото раководство на германскиот енергетски гигант „РВЕ“ е во Скопје да ги расчисти дилемите околу нивната можна инвестиција во Македонија. Станува збор за изградба на две хидроцентрали на реката Пчиња, проектот Чебрен и Галиште вреден неколку стотици милијарди евра. Првиот тендер беше поништен од страна на македонската влада, германските инвеститори беа разочарани.

Денеска (30.09.09) нивниот претставник Торстен Липерт во разговор за Дојче веле потврди дека се’уште се заинтерисирани за учество во овој проект но оти понудата не е иста како претходната. „Македонија има многу природни ресурси. Еден од нив е хидропотенцијалот за кој ние сме заинтересирани. Проблем беше тендерот, што од причини за кои не можам да зборувам, беше поништен, во секој случај заинтересирани сме за овој проект.

Но, поради економската криза, сите наши инвестициски планови, не само во Македонија, ќе бидат ревидирани. Значи ќе има преиспитување на сите елементи од претходната понуда“, изјави за Дојче веле Липерт од менаџментот на „РВЕ“.

Претставниците на оваа компанија очекуваат средба на највисоко ниво со македонските власти. Во владата не потврдуваат дека премиерот Никола Груевски ќе ја прими делегацијата на „РВЕ“. Интересот за соработка од македонска страна го потврди министерот за економија Фатмир Бесими.

„Хохтиф“ заинтересиран за градежни проекти

Hochtief, Logo

Во истовреме додека се решава за судбината на најголемата можна германска инвестиција во Македонија во земјата се’уште дваесетина германски компании од градежниот сектор. Меѓу нив за инфраструктурни и енергетски проекти се интересира и „Хохтиф“, градежниот гигант што се откажа од проектот за реконструкција на скопкиот аеродром. Сега нивниот претставник најавува интерес за други проекти. „’Хохтиф’ како и другите големи германски компании го следи политичкиот и економски развој на Македонија и пројавува интерес за учество во големи инфраструктурни и енергетски проекти“, изјави Даниел Танев од претставништвото на „Хохтиф“ во Софија.

Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија. Во првите шест месеци од годинава вкупната размена изнесува околу половина милијарда долари, со незначителен дефицит на македонска страна.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Александра Трајковска