1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

На пат во име на христијанско-еврејскиот дијалог

Ова не е период во кој туристите радо доаѓаат во Германија. Врне и ладно е. Сепак секоја година, во овој период, израелската писателка Леа Флајшман патува ширум земјата и го промовира христијанско-еврејскиот дијалог.

default

Леа Флајшман, израелска писателка која пишува на германски јазик

Таа го соблече нејзиниот кафеав волнен мантил, но не и шапката со крем боја. При секое литературно читање главата на Леа Флајшман е покриена. Тоа е знак за нејзината еврејска религија, која сака да и ја приближи на германската публика.

Молк за страдањата

Иако е родена како Еврејка во Германија, значењето на религијата Леа Флајшман го открила дури откако заминала во Израел. Како дете таа знаеше малку за нејзините религиозни корени а исто така и за нејзините семејни корени. Леа Флајшман немаше дедовци, баби, тетки или чичковци. Само нејзините родители го беа преживеале Холокаустот. На прашањата на нивната ќерка тие реагираа со молчење.

„Мајка ми’ била во различни концентрациони логори. Но не ми раскажа во кои. Таа имала само 27 години кога сум се родила, а веќе не гледала добро и имала изгубено повеќе заби. Велеше, тоа и го сторил некој СС-офицер. Татко ми почина кога имав 18 години, и за неговото минато знам уште помалку“.

Леа Флајшман не знае зошто нејзините родители по војната останале во земјата на злосторниците. Како дете, писателката се срамела од своите родители кои биле толку стари и сиромашни, земале социјална помош и не учествувале во германското економско чудо.

Еврејството не е само религија туку и начин на живот

Но, таа сфатила дека образованието е клучот за напредок.

60 Jahre danach - KZ Buchenwald

Поголемиот дел од роднините на Флајшман биле жртви на Холокаустот

Матурирала, студирала, се омажила, родила две деца и станала учителка. И кога Леа Флајшман конечно се интегрираше во германското општество, почна да стравува од поданичкиот дух на службениците.

„Со оглед дека и самата бев службеничка, се занимавав со указите на Третиот Рајх. Тогаш пред 30 години, кога во Германија повторно на власт дојдоа радикални партии и донесоа некакви закони, кои се против малцинствата и не се во согласност со човековите права, си помислив дека токму службениците ќе ги спроведат истите. Тоа всушност ме поттикна да си заминам од земјата“, вели писателката.

Во 1979 година Леа Флајшман се отселила во Израел. Таа повеќе не сакала да биде малцинство и планирала да открие едно сосема поинакво еврејство, кое не е одредено од страдање, сиромаштија и резигнација, како животот на нејзините родители. Во Израел писателката го пронашла она што го барала и уште повеќе. Таа ги открила своите религиозни корени и до денес живее според законите на Тората (светата еврејска книга).

„Еврејството не е само верување во еден Бог, туку е и одреден начин на живот. И кон овој начин на живот припаѓа и славењето на Сабат. Значи за мене Сабат не е само еден ден, кога не работам, туку тоа е навистина свет ден. Тој ми дава сила за наредната недела.

Beten an der Klagemauer

Во Израел, Леа Флајшман откри едно сосема поинакво еврејство

Значи јас имам определен ритам во моето живеење“.

Тесни врски со Германија

Леа Флајшман пишува за своите спиритуални искуства, на нејзиниот мајчин јазик, зашто само во германскиот јазик, како што вели, се чуствува како дома. Од учителка таа во Израел прерасна во писателка, која преку своите книги и литературни читања остана тесно поврзана со Германија. Притоа таа не е само неутрална набљудувачка. Писателката знае да се замеша и во црковните и општествените дискусии и смета дека религиозните форми во Германија ослабуваат.

„Кога пред 30 години се отселив од Германија, тука во неделите не работеа продавниците. Во меѓувреме забележувам како неделата постепено исчезнува. Сметам дека дека сепак е многу важно, човек да размисли за важната општествена и религиозна вредност, каква што е денот за одмор“.

Да застанеш за момент, да се пронајдеш себеси и Бога. Леа Флајшер сака да ги охрабри нејзините читатели да го направат тоа. Со ваква порака таа секоја година повторно доаѓа во Германија, и кога врне и кога е магливо.