1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

На патот на реформите потребен е консензус и дијалог

Политичките критериуми добро напредуваат но со побавен чекор. За дипломатите во Скопје поважно е да се подобри квалитетот на животот на граѓаните отколку да се определи датум.

default

„Патото до ЕУ да се поплочи со реформи“, „Македонија е на добар пат но не ги исполнува критериумите“, „Новата влада презела лошо наследство“. Со вакви наслови, денеска дел од македонскиот печат ги објавува деталите и коменатрите од и за извештајот на ЕУ.

Политичките критериму добро напредуваат но со побавен чекор. Згоелмените тензии меѓу мнозинството и опозицијата, особено со ДУИ и ПДП треба да бидат надминати. Пред овој цитат од извештајот во Брисел, ЕУ Амбасадорот во Македонија Ерван Фиуере вчера попладне во Скопје на прес конференција со својата традиционална сугестија „Потребен е максимум политички консензус и дијалог на сите партии, тое а патот за успехот на реформите.“

Фуере пред јавниот настап беше кај премиер Груевски кој заедно со лидерот на СДСМ и поранешна вице премиерка за евроинтеграции Радмила Шеќеринска, додека ја оддржува својата прва лидерска средба го проследија излагањето на Оли Рен директно пренесуван преку Европскиот телевизиски канаал. Потоа Груевски со став: „Да кажеме дека владата останува, како и мнозинството политички партии во Република Македонија, цврсто на патот што побрзо да ги заврши реформите на квалитетен начин и што побрзо да ја подготви државата за влез во ЕУ. Уште еднаш повторувам овој извештај сигурно детално ќе биде анализиран и на седницте на владата.“

Лидерот на СДСМ Шеќеринска со реакција „Лошата клима во собранието и отсуството на политички дијалог и овие партиски чистки во администрацијата предизвикаа да добиеме критики кои не мораа да се случат и предизвикаа на пример Ројтерс да излезе со наслов дека Македонија после изборите не направила ништо за себе.“ рече Шеќеринска по првата лидерска средба со Никола Груевски.

Домашните амналитичари во првие јавни реакции предупредуваат на трезвеност и решителни реформи, во спортивно во Макеоднија би можело да се јави доза на евро – скептицизам. Корупцијата, организиацијата на државната управа и ефиканоста на јавната администрација имаат лошо влијание врз правната сигурност и бизнис климата во Македонија.

Речиси нема дипломат и добронамерник на ЕУ, кој во Скопје новинарите не го прашуваат кога датум за преговоир за членство. Двете вчерашни реакции на Ерван Фуере и на Џефри Хун ја имаа британско – ирската стимулација. Поважно од рокот е квалтиетот на животот во државата и сопствените достигнувања на Македонија.