1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

На пазар со „скенер за овошје“

Колку пати сте загризале некое овошје кое делувало сочно и зрело, а немало никаков вкус? Германските научници развија мал уред за тестирање овошје, кој им го олеснува изборот на купувачите

Научниците на Институтот Фраунхофер во Дрезден развија мал инфрацрвен спектометар кој може да го измери нивото на вода, шеќер или скроб во овошните плодови. Апаратот е помал од шеќерна коцка, и кога дополнително би се намалил би можел да се вградува во мобилни телефони и на тој начин би им се овозможило на муштериите да го проверат квалитетот на овошјето.

Направата емитува инфрацрвена светлина кога се вперува кон овошјето. Хајнрих Григер, научникот кој го измисли спектометарот, вели дека овие бранови не се одбиваат кога ќе стигнат до површината на објектот. Тие продираат неколку милиметри, па дури и сантиметри, под површината и потоа се мерат вредностите на плодот.

„Не не интересира само дали јаболкото е црвено. На овој начин можеме да процениме дали плодот има доволно шеќер, и според тоа, и дали е доволно зрело“, вели Григер. Апаратчето не ги мери само водата или количеството на скроб, туку може да разликува и различни видови шеќер, како глукоза или

фруктоза. Потоа софтверски се споредуваат тие информации со постојната база податоци за тој вид овошје.

Излегувањето на малиот спектометар на пазарот се очекува за три до пет години, а следниот предизвик за научниците е дополнително да ги намалат неговите димензии за да може да се инсталира и како апликација за мобилни телефони.

Технологијата во иднина не мора да се користи само за овошје, туку може да биде употреблива и при откривање фалсификати, тестирање на лекови или козметика. Наскоро корисниците на „паметни“ телефони ќе можат да ја инсталираат „овошната“ апликација која ќе им овозможи да скенираат овошје и на пазарите. Ним ќе им остане единствено задачата да ги споредуваат вистинските видови на овошје.